22-годишник од скопско Батинци пријавил дека неговиот вујко кој се упатил за Австрија на 21.10.2025 не бил достапен на телефон.
„На 22.10.2025 во 10:00 часот во Полициската станица Драчево Б.Д.(22) од село Батинци, скопско, пријавил дека неговиот вујко Н.Д.(42) на 21.10.2025 се упатил кон Република Австрија, по што не бил достапен на телефон“, се наведува во полицискиот билтен.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.