Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: На судењето за „Пулс“: Вработен во „Рубикон“ сведочеше за функционирањето на агенцијата за обезбедување
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > На судењето за „Пулс“: Вработен во „Рубикон“ сведочеше за функционирањето на агенцијата за обезбедување
МАКЕДОНИЈА

На судењето за „Пулс“: Вработен во „Рубикон“ сведочеше за функционирањето на агенцијата за обезбедување

Објавено March 12, 2026 16:15
Сподели
Сподели

На денешното судење за случајот „Пулс“ сведочеше Трајче Димишковски, кој од 2023 до август 2025 година бил дел од агенцијата за обезбедување „Рубикон“. Во своето сведочење Димишковски опиша како се одвивала комуникацијата меѓу вработените, кој бил одговорен за распоредот на луѓето, како и какви насоки давал професорот Александар Нацев при поголеми настани и предавања за законските обврски на обезбедувачите.

Димишковски посочи дека во април 2025 година, покрај редовните задачи за обезбедување, добил и административни овластувања.

– Покрај работата за обезбедување добив овластување за потпишување на платите и фактурите – рече тој, додавајќи дека платите му биле доставувани готови од книговодствено биро, а неговата улога била само да ги потпише и да ги предаде во банка.

Во однос на улогата на Александар Нацев, сведокот изјави дека тој понекогаш се појавувал за да помогне во координација на луѓето, особено при големи настани.

– Не знам како му бил регулиран статусот, понекогаш доаѓаше на помош за координација на луѓе, не знам точно во кое својство. Најчесто ни даваше насоки за поставување на луѓе – рече тој.

Прашан дали знае каде биле канцелариите на Рубикон, одговори дека имало но не знае каде.

– Канцелари имаше, не сум сигурен каде, не сум бил јас во канцеларија, најчесто се среќававме лично – рече тој.

Тој потврди дека Нацев држел и предавања за вработените, при што биле појаснувани законските правила за присуство на малолетници во објекти по 23 часот. Според сведокот, во случаи кога се забележувале малолетници или нелегални супстанци, обезбедувачите имале обврска да реагираат и да ги отстранат од објектите.

Димишковски истакна дека униформите за обезбедувањето ги добивал од колегата Јане Јанчевски, кој најчесто бил одговорен за распоредот на луѓето. Во отсуство на Јанчевски, насоки понекогаш давал и Нацев, кој дури знаел да се појави како редар, иако немал лиценца за обезбедување.

Сведокот потврди дека комуникацијата меѓу вработените се одвивала и преку Вибер групи, а Нацев бил дел од групата за средни училишта. По притворањето на Јанчевски, Димишковски, како што рече, имал контакт со Нацев.

– Во тој период имав комуникација со професорот Нацев, општо коментари дека е голема трагедија – изјави тој.

На прашања од одбраната на обвинетиот Јане Јанчевски, во врска со тоа дали нивниот ангажман се разликувал од ангажманот на Нацев, одговори дека освен во координација, во ништо друго.

Прашан дали од страна на Јане Јанчевски од него било побарано да постапите спротивно на задолженијата како припадник на обезбедувањето, односно спротивно на законот, одговори не.

– Не, никогаш не е побарано да направиме нешто што е спротивно – рече тој.

Димишковски беше сослушуван и на претходното рочиште, но поради барање на одбраната да се запознае со неговиот исказ даден во Обвинителството беше прекинато и продолжи денеска.

Во сведочењето тогаш тој објасни дека најчесто работел во основни училишта, со патроли и втора смена, при што комуницирал со Јане Јанчевски за распоредот.

По критичниот настан од 16 март 2025, според него, немало промени во задолженијата, но во април добил полномошно преку нотар да потпишува исплати за плати. За тоа, како што рече, барал помош од професорот Александар Нацев.

-Се знаеме долго време. Како професор повеќе ги знае законите од мене и затоа од него барав само помош – рече тој.

Обвинителството тогаш реагираше дека сведокот дава различен исказ од оној претходно даден во Обвинителството.

Претходно денеска сведочеше инспектор на ДЗС од поддрачно одделение во Виница, кој сведочеше дека по пожарот во клубот „Пулс“ во Кочани, увидната екипа на Дирекцијата за заштита и спасување утврдила сериозни пропусти – недостиг на противпожарни апарати, празен хидрант, и заклучена помошна врата.

Инспекторот сведочеше дека Општина Кочани повеќе од една деценија немала инспектор за заштита и спасување, а за надзор во друга општина е потребен писмен налог од раководството.

Судењето го води судијката Дијана Груевска-Илиевска, а Обвинителството го застапува тим од 15 јавни обвинители.

Судењето продолжува на 17 март со сослушување на сведоци на предлог на обвинителството.

На 16 март 2025 година, за време на настап на групата ДНК во дискотеката „Пулс“ во Кочани, избувна пожар, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Во објектот имало над дозволениот број посетители, меѓу кои и малолетници, а пиротехнички средства биле активирани без дозвола. Објектот работел незаконски повеќе од една деценија, без минимално технички услови, со реконструкции без дозволи и без систем за противпожарна заштита.

За несреќата се обвинети над 30 физички и три правни лица. Меѓу нив има сопственици на локали, управители, инспектори, поранешни градоначалници, членови на обезбедување и државни службеници.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Филипче: ВМРО е таблоидна партија, fake news
Следна Статија Познат идентитетот на жената чие тело беше извадено од Вардар

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Муцунски: Стратешкиот дијалог, НАТО-соработката и трговскиот договор со САД

Министерот Муцунски во интервју за Сител ТВ од Њујорк говореше за билатералните односи со САД, втората сесија од стратешкиот дијалог…

September 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

Најниската плата во здравството се искачи на 27.000 денари, толку ќе земаат чистачите

Со линеарното зголемување од 2500 денари, најниската плата во здравство изнесува нешто над 27.000 денари, соопшти денес директорот на Фондот…

April 3, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Инспекторатот за употреба на јазиците оди под надлежност на Министерството за правда, да се реши проблемот со платите

Денеска заедно со првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити реализиравме средба…

June 1, 2025
МАКЕДОНИЈА

Реконструкција на загинувањето на Гоце Делчев: Последниот пат од Солун до Баница

Како одела линијата на движење на Гоце од Солун кон селото Баница. Реконструкција на неговите последни денови, со кого се…

May 4, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?