Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: На „шарените“ во Белград откако им пропадна протестот сега блокираат раскрсници
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > На „шарените“ во Белград откако им пропадна протестот сега блокираат раскрсници
БАЛКАН

На „шарените“ во Белград откако им пропадна протестот сега блокираат раскрсници

Објавено June 30, 2025 22:43
Сподели
Сподели

Студентите во блокада во Србија ги повикаа граѓаните да започнат масовен прекин на работата од 1 јули до исполнување на три барања.
Барањата се – распишување вонредни парламентарни избори, распуштање на „собирот“ во Пионирски парк во Белград, и ослободување на притворените студенти.

„Ги повикуваме сите граѓани да излезат на масовен прекин на работата од вторник, 1 јули, се додека не се исполнат сите три барања“, се наведува во пораката објавена од студентите на социјалните мрежи.

Вишото јавно обвинителство во Белград вечерва објави дека 29 од вкупно 30 осомничени биле сослушани за напад врз полицијата и насилно однесување по протестот на 28 јуни, а задржување на еден од нив е укинато, бидејќи нема докази дека сторил кривично дело.

Обвинителството му предложи на судијата за претходна постапка на Вишиот суд во Белград да определи притвор за 26 осомничени лица, за да не ги повторат кривичните дела во краток временски период.

Групи студенти кои ги блокираа факултетите и граѓани кои ги поддржуваат продолжија вечерва со мобилни блокади да блокираат одредени раскрсници и улици низ речиси цел Белград, Нови Сад, Ниш и други градови. Полицијата презема акции за одблокирање на улици и раскрсници додека студентите во блокада повикаа на продолжување на граѓанската непослушност и блокада на клучните улици во Белград и други градови во Србија.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ФОТО) Mицкоски ги пречека лидерите од регионот
Следна Статија Еди Рама во Скопје доследен на својот моден стил

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Во пукотница во бар во Белград е убиена жена, ранети се најмалку петмина

Жена загина, а пет лица се повредени во пукање што се случи околу 14:25 часот во белградската населба Вишњичка бања.…

September 30, 2025
БАЛКАН

Хрват ги презема претседателските должности на Додик

Потпретседателот на Република Српска, Давор Прањиќ (ХДЗ), кој е Хрват, ги презеде претседателските должности наместо неформалниот лидер на тој ентитет,…

September 20, 2025
БАЛКАН

Од Бар до Бари за 78 евра: Бродот тргнува од први јули

Бродот „Далмација“, најголемиот во хрватската флота „Јадролинија“, од 1 јули до 27 август ќе ги поврзува Бар и Бари, а…

January 14, 2025
БАЛКАН

Студентите во блокада во Србија подготвуваат листа, бараат распишување избори до средината на мај, во спротивно радикализација

Студентите во Србија кои речиси шест месеци ги блокираат факултетите барајќи исполнување на нивните барања, првенствено поврзани со одговорноста за…

May 11, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?