Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: На Ќафасан уапсен жител на Кичево баран со меѓународна потерница
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > На Ќафасан уапсен жител на Кичево баран со меѓународна потерница
ХРОНИКА

На Ќафасан уапсен жител на Кичево баран со меѓународна потерница

Објавено July 6, 2025 14:00
Сподели
Сподели

На граничниот премин „Ќафасан”, на албанско-македонската граница кај Струга, при влез на територија на Албанија е уапсен жител на Кичево баран со меѓународна потерница.

-Приведен е Алија Арслан (34), жител на Кичево, Македонија, кој е осуден на 20 години затвор за меѓународна трговија со дрога. Од проверките спроведени во соработка со Интерпол Тирана, произлезе дека лицето било барано со меѓународна потерница издадена од Интерпол Берн/Швајцарија, врз основа на наредба на Јавното обвинителство на кантонот Аргау, стои во соопштението на државната полиција на Албанија.

Се додава дека 34-годишникот е осуден на 20 години затвор за кривични дела поврзани со меѓународна трговија со дрога, како што е предвидено во член 19 од Законот за наркотици и психотропни супстанции од швајцарскиот Кривичен законик.

Интерпол Тирана, во соработка со Интерпол Берн/Швајцарија, ги презема потребните активности за негова екстрадиција во Швајцарија.

-Ова апсење е уште еден чекор во борбата против организираниот криминал и трговијата со дрога, што ја демонстрира посветеноста на органите за спроведување на законот кон меѓународната соработка и гарантирањето на безбедноста на албанските граници, се нагласува во соопштението на државната полиција на Албанија.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Далај Лама наполни 90 години
Следна Статија Македонец загина во Бугарија – автомобил удрил во гости во ресторан

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Маж од Битола ја нападнал вереницата со метален предмет

Утрово во 04:50 часот во СВР Битола, 37-годишна жителка на Битола пријавила дека била физички нападната од својот вереник А.И.(42),…

February 19, 2026
ХРОНИКА

Две жени од Скопје измамени за околу 12.500 евра

На 03.03.2025 во 17.30 часот во СВР Скопје, 83-годишна жена од Скопје пријавила дека била измамена од едно лице за…

March 4, 2025
ХРОНИКА

Грчки државјанин уапсен на Богородица по барање на Интерпол Романија

На 11.10.2025 во 07:00 часот на Граничен премин Богородица, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода Г.И.(41)…

October 12, 2025
ХРОНИКА

Свекор ја натепал снаата во Штип

Вчера во 22.50 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода 62-годишниот З.Н. од Штип, постапувајќи…

February 23, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?