Актерот Ричард Чембрлен почина на 91-годишна возраст, пренесува Variety.
Неговата смрт ја потврди публицистот Харлан Бол, велејќи дека актерот починал во саботата, 29 март во 23:15 часот од компликации по мозочен удар.
Неговиот долгогодишен партнер се прости и од саканиот Ричард.
„Нашиот сакан Ричард сега е со ангелите. Тој е слободен и се издигнува до оние што ги сакавме пред нас. Каков благослов беше да се познава таква неверојатна и љубена душа. Љубовта никогаш не умира. И нашата љубов сега го носи под своите крила кон неговата следна голема авантура“, рече Мартин Рабет.
Актерот се прослави во 1960-тите благодарение на медицинската серија „Д-р Килдер“. Го видовме и во култната мини-серија „Птиците умираат пеејќи“ во која го глумеше Ралф де Брикасарт и серијата „Шогун“ во која го глумеше Џон Блекторн. Беше забележана и неговата главна улога во филмот „Борновиот идентет“.