Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Нвидиа е првата компанија во историјата со вредност над четири трилиони долари
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Blog > Нвидиа е првата компанија во историјата со вредност над четири трилиони долари
Blog

Нвидиа е првата компанија во историјата со вредност над четири трилиони долари

Објавено July 10, 2025 09:02
Сподели
Сподели

Акциите на Нвидиа скокнаа за повеќе од два проценти, првпат надминувајќи пазарна капитализација од 4 трилиони долари со што производителот на чипови стана првата компанија која ја достигнала оваа пазарна вредност.

Нвидиа ги надмина Мајкрософт и Епл, иако и двете компании ја достигнаа границата од три трилиони долари пред Нвидиа. Мајкрософт е исто така еден од најголемите и најважните купувачи на Нвидиа.

Компанијата со седиште во Калифорнија, основана во 1993 година, првпат ја надмина границата од два трилиони долари во февруари 2024 година, додека границата од три трилиони долари ја надмина четири месеци подоцна.

Нвидиа во голема мера профитираше од растечката побарувачка за хардвер и чипови од претставувањето на ChatGPT кон крајот на 2022 година. Компанијата се позиционираше како водечки лидер во создавањето на графички процесорски единици (GPU) кои ги напојуваат големите јазични модели.

Порастот на побарувачката ја зголеми вредноста на акциите на овој гигант за повеќе од 1500 проценти во последните пет години. Акциите пораснаа за повеќе од 15 отсто во последниот месец и 22 отсто од почетокот на годината.

Неодамнешниот раст на Нвидиа се случи и покрај геополитичките тензии и моменталните ограничувања на чиповите кои ја попречуваат продажбата во Кина. Минатиот месец, Нвидиа најави дека неодамнешното ограничување на извозот на нејзините H20 чипови развиени за Кина ќе ја чини осум милијарди долари.

Еден трилион во децималниот систем се запишува како 1.000.000.000.000. Тоа претставува илјада милијарди, односно милион милиони.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ПСЖ го надигра Реал и победи со убедливи 4-0
Следна Статија СРАМНО – Легендите на македонскиот фудбал, Митко Стојковски и Ванчо Мицевски: „Да го е..м цело Скопје, и вашата држава!“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Blog

Дневен хороскоп за Вага – четврток, 30 јануари 2025

💡 Општа енергија на денот: Целиот ден иатричи активација на креативната енергија за оние кои се под зодијакот на Вага.…

January 30, 2025
Blog

„Ајм фром Босниа, тејкми ту Америка“: Вечерва навиваме за БиХ

Капитенот на канадската фудбалска репрезентација, Алфонсо Дејвис (25), сè уште не е целосно опоравен од повредата и нема да игра…

June 12, 2026

The FBI Says These Wi-Fi Routers Are Unsafe, And Here’s Why – SlashGear

The FBI has named a series of Wi-Fi routers as being unsafe. If you're using a router from this brand,…

February 24, 2026
Blog

Пановски: Лекарите во Гостивар мора да ги добијат резултатите од анализите за да знаат како да ги лекуваат пациентите

Небулозни се изговорите на власта која не ги споделува јавно наодите од анализата на водата од градскиот водовод во Гостивар,…

July 20, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?