Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Небезбедна храна на секој чекор- лани биле уништени 355.377 килограми
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Небезбедна храна на секој чекор- лани биле уништени 355.377 килограми
ЕКОНОМИЈА

Небезбедна храна на секој чекор- лани биле уништени 355.377 килограми

Објавено January 25, 2026 11:33
Сподели
Сподели

Над 125 илјади инспекциски контроли од областа на безбедноста на храната и храната за животни, здравствената заштита и благосостојбата на животните, спроведоа минатата година официјалните ветеринари и инспекторите за храна на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ).

Покрај домашниот промет, предмет на контролите биле и производството, дистрибуцијата, угостителството, но и увозот и извозот. Акцент со контролите бил ставен на имплементирањето и одржувањето на процедурите на Добра хигиенска и Добра производствена пракса и НАССР системот за безбедност на храната, како и соодветното означување на храната, мониторинг на храната од домашното производство и од увоз, здравствената заштита и благосостојба на животните.

Фреквенцијата на официјалните контроли се вршеше согласно категоризацијата на објектите (операторите со храна) по ризик, при што категоризираните објекти со висок ризик беа почесто контролирани од оние кои се категоризирани како оператори со низок ризик. Во 2025 година од вкупниот број, реализирани се вкупно 47 200 контроли во внатрешниот промет, во рамки на редовните и вонредните инспекциски надзори, при што беа издадени 5 406 решенија, поднесени 10 прекршочни пријави, изречени беа 1 073 прекршочни платни налози со вкупна вредност од 618.010 евра во денарска противвредност. Поднесени беа и 8 кривични пријави, сите од областа на здравствената заштита и благосостојбата на животните“, велат од АХВ.

Во рамки на овие контроли, одземена и нештетено уништена била небезбедна храна (месо и месни производи, млеко и млечни производи, јаткасти плодови, јајца, риба, кондиторски производи и алкохолни и безалкохолни пијалаци) во вкупна количина од 355.377 килограми. Вкупната сума на изречени парични казни во 2025 година изнесува 618 илјади евра во денарска противвредност.

Дополнително, инспекциските служби на Агенцијата спровеле 78.016 контроли на увозните пратки и пратките кои транзитираат низ земјава, со храна од животинско и неживотинско потекло, производи и материјали кои доаѓаат во контакт со храната, добиточна храна и живи животни. Како небезбедни уништени биле 8 пратки со храна од неживотинско потекло во количина од 69.785 килограми, а една пратка била вратена во земјата извозник.

Како небезбедни во рамки на овие контроли уништени биле три пратки со храна од животинско потекло во вкупна количина од 22.061 килограми. Во истиот временски период како небезбедни вратени биле 16 пратки со храна од животинско потекло.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија China no longer Pentagon’s top security priority – BBC
Следна Статија Ажурирање на Rocket League со визуелни подобрувања за Nintendo Switch 2

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

ССМ дава рок до крајот на февруари да се зголеми минималната плата, ако не ќе има генерален штрајк

Сојузот на синдикати на Македонија остава простор до крајот на февруари Владата и работодавачите да се изјаснат за зголемувањето на…

February 17, 2026
ЕКОНОМИЈА

OpenAI партнерите се нагрупираат за да обезбедат 100 милијарди долари долг за да ги финансираат своите амбиции

Компаниите во облак и развивачите се потпираат на компанија со загуба за да ги вратат огромните заеми

November 29, 2025
ЕКОНОМИЈА

Разрешени четворица членови на Регулаторната комисија за енергетика

Собранието попладнево на продолжение на 22. седница ги разреши од должноста членови на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и…

December 16, 2024
ЕКОНОМИЈА

Геополитичкиот конфликт може да ја чини економијата 14,5 трилиони долари

Хипотетички геополитички конфликт би можел да ја чини светската економија 14,5 трилиони долари во период од пет години, пресмета Lloyd’s…

October 9, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?