Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Невакцинирањето има цена: Во 2024 година тројно повеќе луѓе заболеле од магарешка кашлица во однос на 2023
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Невакцинирањето има цена: Во 2024 година тројно повеќе луѓе заболеле од магарешка кашлица во однос на 2023
ЗДРАВЈЕ

Невакцинирањето има цена: Во 2024 година тројно повеќе луѓе заболеле од магарешка кашлица во однос на 2023

Објавено July 15, 2025 15:19
Сподели
Сподели

Стапката на вакцинацијата кај децата во Европа и Централна Азија во 2024 година останала под нивото од пред пандемијата, покажуваат податоците за опфат со имунизација што денеска ги објавија Светската здравствена организација (СЗО) и УНИЦЕФ.

Според извештајот, 89 отсто од новороденчињата во светот примиле најмалку една доза од вакцината DTP (против дифтерија, тетанус и пертусис), а 85 отсто ги примиле сите три дози. Тоа претставува зголемување од 171.000 деца кои примиле барем една доза, и еден милион целосно вакцинирани деца повеќе во споредба со 2023 година.

Сепак, во регионот на Европа и Централна Азија, просечните стапки на вакцинација останале непроменети или се намалиле за еден процентен поен, стои во извештајот.

Во некои земји од регионот, опфатот со првата доза од MMR вакцината (против морбили, заушки и рубеола) и третата доза од DTP значително опаднал. Дел од земјите пријавиле само 23 отсто опфат со првата доза MMR и 51 отсто со третата доза DTP. За постигнување колективен имунитет и спречување на епидемии на болести што може да се спречат со вакцинација, неопходен е годишен опфат од најмалку 95 отсто.

Регионалниот директор на СЗО за Европа, Ханс Клуге, изјави дека во 2024 година речиси 300.000 луѓе заболеле од пертусис (магарешка кашлица), што е тројно зголемување во споредба со претходната година.

Во меѓувреме, повеќе од 125.000 лица заболеле од морбили, двојно повеќе од 2023 година. Овие бројки не се само статистика – тоа се стотици илјади загрижени семејства чии деца се разболеле, а тоа можело да се спречи, рече Клуге.

Тој нагласи дека „вакцините спасуваат животи, а кога опфатот паѓа – болестите се шират“.

Клуге ги повика државите да инвестираат во силни локални здравствени системи, да обезбедат достапност на вакцините во секоја заедница и активно да се борат против дезинформациите.

Здравствените работници мора да добијат поддршка за да стигнат до секое семејство, особено во тешко достапните области. Заедниците треба да бидат информирани со веродостојни информации за родителите да можат со доверба да ги вакцинираат своите деца, изјави тој.

Регионалната директорка на УНИЦЕФ за Европа и Централна Азија, Режина де Доминичис, изјави дека „вакцинацијата станала жртва на сопствениот успех“.

Денешната генерација не е сведок на разорните последици од болестите што може да се спречат со вакцинација – што доведува до опуштеност и овозможува полесно ширење на дезинформации, рече таа.

И покрај предизвиците, извештајот посочува на континуирано подобрување на опфатот со новите вакцини. Така, помеѓу 2019 и 2024 година, опфатот со првата доза од вакцината против хуманиот папилома вирус (HPV) кај девојчињата пораснал од 37 на 40 отсто, а кај момчињата од осум на 26 отсто.

Зголемен е и опфатот со последната доза од вакцината против ротавирус – од 24 на 42 отсто, како и со третата доза од вакцината против Haemophilus influenzae тип Б – од 81 на 93 отсто.

Потребна е итна и обединета акција за намалување на јазот во опфатот со имунизација и спречување на повторна појава на болести што можат да се превенираат. Секоја земја има своја улога, дури и оние со високи стапки на вакцинација, порача Клуге.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Маск со мапа за фертилитет во Европа: Најлошо во Украина и Полска, најдобро на Косово и Бугарија, Македонија во средина
Следна Статија Два Ер трактори дејствуваат врз пожарот во Дојран

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Тврдењата на д-р Кедев за операциите во приватните болници ќе ги „чешлаат“ експерти од Словенија, Италија и од Германија

Министерот за здравство, Азир Алиу, најави дека до понеделник ќе биде комплетирана листата со странски експерти кои ќе ја анализираат…

August 24, 2025
ЗДРАВЈЕ

Им пресадуваат заб во окото на слепите пациенти за да им го вратат видот

За прв пат во Канада, хирурзите успешно ја изведоа првата фаза од процедурата која вклучува вградување заби во очите на…

March 8, 2025
ЗДРАВЈЕ

Д-р Николов: Интрахоспиталните инфекции и нивната контрола претставуваат предизвик за секој здравствен систем па и оние најмодерните

Имав чест да се обратам на Работилницата во организација на МЗКИХИ (Македонско Здружение за Контрола на интрахоспитални инфекции) која што…

October 27, 2024
ЗДРАВЈЕ

Научници открија „хемиски коктел“ против стареење на мозокот

Научници соопштија дека откриле „хемиски коктел“ кој може да ги забави промените поврзани со стареењето на мозокот и да ги…

September 1, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?