Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Неготинец се удавил во Вардар кај Црвени Брегови
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Неготинец се удавил во Вардар кај Црвени Брегови
ХРОНИКА

Неготинец се удавил во Вардар кај Црвени Брегови

Објавено July 4, 2026 14:01
Сподели
Сподели

Неготинец се удавил во Вардар кај неготинско Црвени Брегови, оваа информација денеска ја потврдија за МИА од Територијалната противпожарна единица во Неготино и Секторот за внатрешни работи – Велес.

– Синоќа околу 20 часот во водите на реката Вардар, во неготинско, пронајдено е телото на Ј.К., 66-годишник од Неготино. На 03.07.2026 во 15:55 часот во ОВР – Неготино, Ѓ.К., на возраст од 42 години од Неготино, пријави дека се сомнева дека неговиот татко Ј.К., 66-годишник од Неготино, кој заминал на риболов, паднал во реката Вардар, кај село Црвени Брегови, неготинско, затоа што бил недостапен, а кога тргнал да го бара, дел од опремата за риболов пронашол во реката – појаснија од СВР – Велес.

Веднаш од страна на полициски службеници од ОВР – Неготино, неготинската Територијална противпожарна единица, Дирекцијата за заштита и спасување и други лица биле преземени мерки за пронаоѓање на Ј.К., по што околу 20 часот било пронајдено телото и извлечено од водите на реката Вардар.

Лекар од Итна медицинска помош – Неготино констатирал смрт без траги на насилство и по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено за обдукција.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) Во Пробиштипскиот регион изгореа овоштарници, житни култури, лозја, пчеларници и една куќа
Следна Статија Потврдени два случаи на Западнонилска треска на Клиниката за инфективни болести

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

По полноќ пронајден починат маж во Кисела Вода

50-годишен скопјанец по полноќ пронајден починат во дом во Кисела Вода. Денеска (20.08.2025) во 01:20 часот во Полициската станица Кисела…

August 20, 2025
ХРОНИКА

Градежен работник загина при пад од височина на градилиште во Скопје

Педесет и двегодишен работник од Куманово загинал при изведување градежни работи на објект во изградба во скопската населба Гази Баба,…

July 11, 2026
ХРОНИКА

(Фото) ДЗС: Пронајдена артилериска граната од 65 mm од Првата светска војна во Ресенско

Вчера во 18.50 часот од крај брегот на Преспанското езеро на плажата „Сливница“ во општина Ресен, од страна на Дирекцијата…

June 9, 2025
ХРОНИКА

Контролор во ЈСП претепан од лице кое немало билет

На 12.01.2025 во 19.20 часот во СВР Скопје, С.А.(44) од Скопје пријавил дека во 19.02 часот на работното место како…

January 13, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?