Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Независни граѓански иницијативи се обединуваат во заедничка платформа за учество на локалните избори
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Независни граѓански иницијативи се обединуваат во заедничка платформа за учество на локалните избори
ПОЛИТИКА

Независни граѓански иницијативи се обединуваат во заедничка платформа за учество на локалните избори

Објавено July 24, 2025 10:07
Сподели
Сподели

Иницијативите Шанса за Центар, Независни За Карпош – За Заштита На Карпош, Зелените Од Гази Баба, граѓански активисти од повеќе скопски општини и други градови формално регистрираа заедничка платформа со која, како што се наведува во денешното соопштение, ќе се борат против желбата на партиите да ги истиснат независните граѓански иницијативи од изборниот процес.

-Секој граѓанин има право да гласа за претставници кои навистина ги застапуваат неговите потреби. Во оваа нова платформа веќе се вклучени иницијативите Шанса за Центар , Независни За Карпош – За Заштита На Карпош , Зелените Од Гази Баба , граѓански активисти од повеќе скопски општини и други градови, а остануваме отворени и за други иницијативи од целата држава, се наведува во соопштението од Шанса за Центар.

Повеќе граѓански организации – вклучително и Зелен хуман град, како што информираат, разговарале за формирање заедничка партиска платформа за здружен граѓански настап, но Зелен хуман град одлучил самостојно да се регистрира како партија и да настапи одделно.

-Ние останатите остануваме верни на вредностите на солидарност, заедништво, инклузивност и доверба. Ги информираме граѓаните дека платформата што ќе ја основаме формално мора да биде регистрирана како партија, а за тоа ќе ни биде потребна вашата поддршка. Законот дозволува потпис само за една опција, па затоа транспарентно информираме дека потпис за нашата заедничка граѓанска платформа и потпис за која било друга нова партија, вклучително и на ЗХГ, не може да се даде истовремено. Ќе мора да се направи изборот за тоа каде ја гледате вистинската граѓанска алтернатива во моментов, се наведува во соопштението од Шанса за Центар.

Во следниот период тие најавуваат дека ќе споделат повеќе информации во врска со процесот на поддршка и ќе ги претстават листите и кандидатите.

-Сите граѓани без разлика на градот на живеење, ќе можат да ја дадат својата поддршка за нашата регистрација, посочуваат од Шанса за Центар.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија  „Сè е мртво!“ Американец отиде на најскапото грчко острово, па се разочара
Следна Статија (Видео) Пронајдени остатоците од исчезнатиот авион во Русија: Имало околу 50 патници, меѓу нив и деца, нема преживеани

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

СДСМ бара оставка од Тошковски: Вооружениот инцидент во Куманово е најсериозен инцидент во пресрет на локалните избори

Последниот вооружен инцидент во Куманово е најсериозен инциден во пресрет на локалните избори кој внесува сериозна загриженост за јавниот ред…

October 7, 2025
ПОЛИТИКА

ДУИ е загрижена за падот на странските инвестиции

Податоците објавени во регионалните анализи за странските директни инвестиции на Балканот покажуваат сериозен аларм за Република Северна Македонија: пад од…

April 18, 2026
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Тоа што не успеаја Тодор Живков и други бугарски политичари со Македонија успеа во време на СДСМ

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната седница за пратенички прашања во одговор на прашањето од Митко Трајчулески од СДСМ, за неисполнетите…

July 31, 2025
ПОЛИТИКА

Филипче до Мицкоски: Ќе излезете ли и ќе кажете пред граѓаните дека потфрливте и дека ништо не исполнивте?

На собраниската седница, на која на дневен ред беше поставување пратенички прашања, Филипче го обвини премиерот затоа што по две…

June 25, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?