Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Нека одлучи Уставниот суд – вели Мицкоски за претставката на СДСМ за Резолуцијата за мигрантите
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Нека одлучи Уставниот суд – вели Мицкоски за претставката на СДСМ за Резолуцијата за мигрантите
МАКЕДОНИЈА

Нека одлучи Уставниот суд – вели Мицкоски за претставката на СДСМ за Резолуцијата за мигрантите

Објавено December 19, 2025 16:21
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски коментирајќи ја поднесената претставка на СДСМ за изгласаната Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција, истакна дека тој нема да коментира и остава Уставниот суд да донесе одлука за оваа иницијатива.

-Јас немам коментар. Сепак, тука е Уставниот суд. Уставниот суд е тој кој што треба да донесе одлука за иницијативата на СДСМ. Јас навистина жалам што СДСМ не беше во рамките на Парламентот да изгласа Резолуција со којашто заеднички ќе се обврземе дека било која Влада ќе биде во Македонија дека нема да дозволиме изградба на мигрантски кампови, дека на дозволиме прифаќање на било каков тип на мигранти или неуспешни апликации на азиланти кои се резултат на било каков договор и на било каква политика. Тие одлучија да калкулираат и ја напуштија салата. Јас навистина жалам, бидејќи претходно водеа една лажна кампања дека сме се сложиле за нешто за што не сме се сложиле. Еве, нека одлучи Уставниот суд. Јас не ги коментирам одлуките на Уставниот суд. Тоа сум го кажал многу пати во минатото, рече Мицкоски по посетата на фабриката „Алкалоид“ АД Скопје.

СДСМ до Уставниот суд поднесе претставка за уривање на правниот поредок откако владејачкото мнозинство во Собранието усвои „Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција“.

Собранието завчера ја усвои Резолуцијата за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција, поднесена од парламентарното мнозинство. Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски тогаш истакна дека парламентарното мнозинство и Владата имаат јасна и непроменлива политика против нелегалната миграција и дека никогаш не било побарано, ниту ќе се дозволи, изградба на мигрантски кампови или трајно сместување мигранти во државата. Според него, со Резолуцијата се става крај на шпекулациите и дезинформациите што создаваат страв и несигурност кај граѓаните

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Град Скопје излезе со мерки и препораки до граѓаните за заштита на амбиенталниот воздух
Следна Статија Запленети трипати повеќе пиротехнички средства – МВР ја почна кампањата за безбедни празници

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Вреди: Законот за бранители нема да помине без да бидат вклучени припадниците од ОНА

Коалицијата ВЛЕН ја потврдува својата непоколеблива позиција: се додека сме дел од владата, законот за “бранители“ нема да помине без…

March 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

Боки 13: СДСМ имаа вреќи со црни пари за кампањата за локалните избори 2017 година

Во новото продолжение на документарецот „Рекет’ Бојан Јовановски раскажува за односот што го имал со поранешните градоначалници од СДСМ, Петре…

October 27, 2025
МАКЕДОНИЈА

Водата во Скопје поскапе за 10%

Водата за пиење во Скопје од овој месец е поскапа за 10%. Кубен метар вода сега чини 35,02 денари, потврдија…

October 3, 2025
МАКЕДОНИЈА

Калас: Неопходно е Скопје да продолжи напред по патот кон ЕУ

Високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседателка на Европската комисија Каја Калас, по посетата на…

May 24, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?