Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Неколкумина повредени откако автомобил удри во група луѓе во Штутгарт
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Неколкумина повредени откако автомобил удри во група луѓе во Штутгарт
СВЕТ

Неколкумина повредени откако автомобил удри во група луѓе во Штутгарт

Објавено May 2, 2025 21:26
Сподели
Сподели

Неколку лица се тешко повредени кога автомобил удри во група луѓе во југозападниот германски град Штутгарт, соопшти вечерва пожарникарската бригада на X.

Возачот на возилото е приведен, изјави портпаролка на полицијата, пренесе ДПА.

Додека пожарникарската бригада го опиша инцидентот како несреќа, полицијата досега не коментираше за контекстот на судирот.

Инцидентот се случил на трамвајската станица Олгаек во центарот на градот.

Пожарникари, спасувачи и полиција се на местото на настанот, кое е обезбедено.

Според портпаролката на полицијата, сообраќајот на станицата е во прекин.

Таа додаде дека во моментов се испрашуваат сведоци.

Возилото кое учествувало во инцидентот било темен Мерцедес Г класа, луксузен теренец.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски ќе присуствува на поставување на камен темелник за изградба на автопатот Тетово – Гостивар
Следна Статија Запалени куќата и станот на Зоки Фаци, каде по неговата смрт живеат внуците

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Трамп жестоко го навреди Маск за основањето нова партија: Хаос е, целосно излетал од „шините“

Американскиот претседател Доналд Трамп ги нарече плановите на Илон Маск за основање нова политичка партија „смешни“ и додаде дека Соединетите…

July 7, 2025
СВЕТ

Орбан: Брисел се подготвува за војна до 2030 година

Премиерот на Унгарија Виктор Орбан денеска оцени дека Брисел се подготвува за војна со Русија и дека веќе постои целен…

December 8, 2025
СВЕТ

Обилни врнежи поплавија патишта во Шпанија и принудија десетици жители да бидат евакуирани

Обилни врнежи во регионот Мурсија, во југоисточна Шпанија, поплавија патишта и принудија десетици жители да бидат евакуирани, соопштија локалните власти.…

October 12, 2025
СВЕТ

Џеј Ди Венс за царините: Да, ова е голема промена, но ни треба

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс изјави дека новите царини што ги објави Доналд Трамп се „голема промена“, но и неопходен…

April 3, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?