Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Неколку пријави за нарушени односи меѓу сопружниците, Ивана се повлекувала: Тошковски открива што претходело на трагедијата во Карпош
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Неколку пријави за нарушени односи меѓу сопружниците, Ивана се повлекувала: Тошковски открива што претходело на трагедијата во Карпош
ХРОНИКА

Неколку пријави за нарушени односи меѓу сопружниците, Ивана се повлекувала: Тошковски открива што претходело на трагедијата во Карпош

Објавено March 3, 2026 15:30
Сподели
Сподели

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на денешната прес конференција за вчерешната трагедија во скопски Карпош каде жена и малолетно дете го загубија животот по пад од балкон, истакна дека во 2025 и 2026 година биле евидентирани повеќе пријави за нарушени односи меѓу сопружниците, полицијата постапувала, но во сите наврати оштетената се повлекувала од поднесените пријави.

Во 2025 и 2026 година биле евидентирани повеќе пријави за нарушени односи меѓу сопружниците. Полицијата постапувала и преземала мерки, но, во сите наврати оштетената се повлекувала од поднесените пријави, информираше Тошковски.

Министерот информираше дека пријавата за трагедијата во Карпош, каде жена и малолетно дете го загубија животот по пад од балкон, била примена од случаен минувач.

Тошковски посочи дека настанот имал претходница истиот ден. На 2 март во 12:05 часот била примена пријава за расправија меѓу сопружниците, а полициски службеници пристигнале на адресата во 12:19 часот. Бил извршен разговор со сопругата, која изјавила дека немало физички контакт со сопругот, дека станувало збор за мало недоразбирање и дека не бара поведување постапка ниту интервенција. Таа навела дека брачните односи ги решава преку бракоразводна постапка и потпишала службена белешка.

Се откажувам од пријавата, помеѓу нас немаше физички контакт, се работеше за мало недоразбирале, го решивме по мирен пат и не бара, полициска интервенција. Не сакам да го пријавам како семејно насилство, работите ќе го средам по мирен пат и ќе се разведам, стои во белешката која Ивана ја потишала како изјава дадена пред полицијата.

Тошковски посочи дека полицијата ќе утврдува дали ваквата изјава била дадена под присила или не, дали сопругот бил присутен во моментот и можеби влијаел на оваа изјава.

Тој додаде дека мајката и детето во временски интервал пред да паднат од балкон, се заклучени од внатрешна страна во станот и друго лице присутно во станот во моментот на падот од балкон, согласно информациите кои се доставени до него, немало.

Министерот истакна и дека полицијата има видео запис сопругот како  ја удира жртвата.

Се сомничи за сторени повеќе кривични дела, по членовите 1282 Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство“, член 130 став 2 за телесна повреда и член 144 став 3, загрозување на сигурноста.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Вклад 1xbet казино в игровое сообщество
Следна Статија Asian Stocks to Ebb as Nvidia Decline Dulls Mood: Markets Wrap – Bloomberg.com

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

41-годишник возел низ Кавадарци со 1,54 промили алкохол во крвта

Со 1,54 промили алкохол во крвта возел низ Кавадарци – полицијата рано утрово лишила од слобода кавадарчанец, информираа претпладнево од…

November 16, 2025
ХРОНИКА

Кривична за дедото што го уби кучето на соседот

ОВР Струга поднесе кривична пријава против С.М.(83) од струшкото село Мислешево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело…

December 2, 2024
ХРОНИКА

Осудениот врховен судија Георгиев се вработи како магационер: сега излегува денски, навечер се враќа во затворот

Осудениот поранешен врховен судија, Наќе Георгиев, кој е осуден за земање на мито, сега се вработи како магационер, дознава „Скопје1“.…

May 12, 2025
ХРОНИКА

Во сообраќајна несреќа во Куманово тешко провредена сопатничка

Вчера околу 19.50 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосница од регионален пат Куманово – Свети Николе и…

January 25, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?