Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: „Немаме бекап систем, ако се изгасне главниот, би останале со црн екран“, вели контролор на летање во М-НАВ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > „Немаме бекап систем, ако се изгасне главниот, би останале со црн екран“, вели контролор на летање во М-НАВ
МАКЕДОНИЈА

„Немаме бекап систем, ако се изгасне главниот, би останале со црн екран“, вели контролор на летање во М-НАВ

Објавено August 11, 2025 08:55
Сподели
Сподели

Зголемувањето од 12% на бројот на прелети во првата половина од годината е постигнато и покрај строгите рестрикции наметнати поради застарената опрема, вели Александар Тасевски, претседател на Синдикатот на контролори на летање во интервју за Радио Слободна Европа. Според него, без овие ограничувања, сообраќајот би можел да порасне за 50%, што би значело значително повеќе приходи за М-НАВ, наместо тие пари да завршуваат во соседни земји кои имаат капацитет да ги прифатат летовите, објави 4NEWS.mk

Тасевски нагласува дека нови авиолинии и раст на побарувачката се реалност, но дека за нивно опслужување потребни се повеќе контролори на летање. Тој тврди дека отворањето на такви работни места е можно, како што се отвораат и други непотребни позиции, но дека раководството ја користи аргументацијата за новиот систем и постојната зграда како изговор.

„И со сегашната опрема, ако техничките ограничувања ги немавме, со три сектора би можеле да опслужиме 90 авиони на час, наместо 72. Со четврти сектор и нова опрема – дури 120“, вели Тасевски.

Тој предупредува дека постојната опрема не е директно опасна додека работи, но ризикот е во нејзината старост и недостигот од резервни делови. За разлика од европските контролни центри, М-НАВ нема бекап-систем кој би презел работа во случај на дефект.
„Ние тој бекап го немаме. Така што, во случај кога нас би ни се изгасил системот, ние би останале со црн екран“, предупредува тој.

Покрај техничките проблеми, Тасевски посочува и на нарушени меѓучовечки односи и контроверзии околу новите вработувања. Според него, проблемот не е само во платите, туку и во фактот што одредени работни места нудат „комоција“ – примање плата без ефективно извршување на задачите. Со заминувањето на искусните кадри се губи квалитетот на услугата, особено во помошните служби, што дополнително го отежнува работењето на контролорите.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Нов топлотен бран во наредните денови, се очекуваат температури до 40 степени
Следна Статија Европски специјалитет по „европска“ цена: Парче пица на влез во Македонија – 180 денари

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Светскиот шампион од Гостивар се сретна со претседателката

Претседателката Гордана Силјановска го прими повеќекратниот светски шампион Анди Исмаили. Прекрасна средба со извонредниот, вонсериски талентираниот млад танчер Анди Исмаили,…

January 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

Владата покажа дека приоритет број 1 ѝ е борбата против корупција, вели евроамбасадорот Рокас

Зборувајќи за борбата против корупцијата, евроамбасадорот Михалис Рокас во вчерашното интервју на „Сител“ истакна дека целата активност на Владата мора…

March 29, 2025
МАКЕДОНИЈА

Бидете внимателни: Ќе има времен режим на овие автопатски делници

Времена измена на сообраќајот од 08.10.2024 до 31.12.2024 година се воведува на автопат А1 делница Велес – Неготино поради изградба…

October 9, 2024
МАКЕДОНИЈА

Граѓаните да пријават дека не можат да искористат закажан лекарски преглед во Мој термин за да се намалат листите на чекање

Се бара решение за проблемот со закажани термини во јавното здравство, на кои не се појавуваат пациенти, изјави денеска заменик…

November 22, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?