Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Нема веќе купување од ТЕМУ без да платите данок: Пратките од странство до 22 евра ќе поскапат за 18%
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Нема веќе купување од ТЕМУ без да платите данок: Пратките од странство до 22 евра ќе поскапат за 18%
ЕКОНОМИЈА

Нема веќе купување од ТЕМУ без да платите данок: Пратките од странство до 22 евра ќе поскапат за 18%

Објавено October 9, 2025 09:13
Сподели
Сподели

Владата на Република Македонија го достави до Собранието Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност (ДДВ), со кој се предлага укинување на досегашното ослободување од плаќање ДДВ при увоз на пратки со мала вредност до 22 евра, испорачани од странство кон домашни примачи.

Со новите измени, ослободувањето ќе важи само за мали пратки од некомерцијална природа, испратени од физичко лице до физичко лице, доколку нивната вредност не надминува 22 евра во денарска противвредност. Исклучени се пратки што содржат алкохол и алкохолни пијалаци, парфеми, тоалетни води, како и тутун и тутунски производи.

Ова значи дека онлајн купувањата од странски веб-страници, без разлика на вредноста, ќе бидат предмет на оданочување со ДДВ, што ја усогласува земјата со европската пракса, имајќи предвид дека Европската унија уште во 2021 година го укина истиот праг за ослободување.

Иако Предлог-законот е веќе поднесен во Собранието, поради тековните локални избори не може да се стави на гласање во овој момент. Според најавите од Министерството за финансии, се очекува измените да бидат разгледани и изгласани на собраниска седница кон средината на ноември, веднаш по завршувањето на изборниот процес.

Од Министерството за финансии посочуваат дека измените нема да имаат негативни фискални последици врз Буџетот, ниту ќе бараат дополнителни финансиски средства за спроведување. Сепак, експертите предупредуваат дека поштенските оператори и Царината ќе се соочат со зголемен број пратки што ќе треба да бидат обработени со ДДВ-обврска, што може да создаде административен притисок.

Со измената на член 27-б од Законот за ДДВ се додава нова точка (2-а) и се брише старата точка (26-а), со што се затвора можноста за ослободување на пратки до 22 евра од странство.

Со укинувањето на ослободувањето од ДДВ, на удар ќе бидат најмногу малите пратки од платформи како Temu, Shein, AliExpress и слични онлајн продавници, преку кои македонските потрошувачи најчесто нарачуваат евтини производи под 20 евра. Овие пратки досега пристигнуваа без дополнителни давачки, но со новите измени ќе мора да минат царинска постапка и да се пресмета ДДВ, што ќе ја зголеми конечната цена за купувачите и може да го намали интересот за вакви нарачки.

Измената на Законот за ДДВ е мотивирана од растечката популарност на меѓународните платформи за онлајн купување, како што е кинеската платформа Тему, на која македонските граѓани во јуни 2025 година нарачале дури 250 тони стока. Според податоците на Царинската управа, 95 илјади килограми од овие пратки имале третман на мали пратки, за кои не биле наплатени давачки, додека останатите 150 илјади килограми биле обврзани со давачки во износ од 41,7 милиони денари.

Новите одредби ќе стапат во сила осмиот ден од објавувањето во „Службен весник на Република  Македонија“, по нивното усвојување од страна на Собранието.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Еве како му оди бизнисот на Груевски во Унгарија, си исплатил дивиденда од 5.000 евра
Следна Статија Децата и младите кои ќе кршат низ Центар, и нивните родители, ќе мора да вршат општествено-корисна работа

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Еврообврзницата ќе се издаде во првиот квартал од 2026 година во два дела со различна рочност

Заради зачувување на финансиската стабилност и ликвиност, еврообврзницата која што е предвидено да се издаде на меѓународниот пазар следната година,…

December 29, 2025
ЕКОНОМИЈА

Димитриеска-Кочоска: Македонија може да ја искористи целата ситуација за да ги зацврсти односите со САД – ова може да биде шанса за македонската економија

Македонија од ова може да искористи, можеби ќе успееме да ги направиме уште поцврсти врските со Соединетите Американски Држави и…

April 11, 2025
ЕКОНОМИЈА

Ќе има мерки за цените на прехранбените производи

Владата подготвува мерки за високите цени на прехранбените производи во маркетите. Премиерот Мицкоски вели дека екипи на Државниот пазарен инспекторат…

September 21, 2025
ЕКОНОМИЈА

Финансии: Условите се транспарентно објавени за пласман на средствата од унгарскит заем за компаниите и нема ризик врз Буџетот

Средствата обезбедени од унгарскиот заем за поддршка на домашната економија, односно домашните компании се одвива врз основа на услови кои…

May 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?