Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Нема да има веќе „Пријатели“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Нема да има веќе „Пријатели“
ЗАБАВА

Нема да има веќе „Пријатели“

Објавено March 24, 2026 10:05
Сподели
Сподели

Актерката Лиса Кудроу ја отфрли можноста за ново обединување на актерската екипа од популарната серија „Пријатели“,истакнувајќи дека во моментов нема такви планови.

Кудроу, која ја толкуваше улогата на Фиби Буфе во периодот од 1994 до 2004 година, заедно со своите колеги Џенифер Анистон, Кортни Кокс, Мет Лебланк, Метју Пери и Дејвид Швимер, веќе се појави во специјалното издание на серијата, емитувано во 2021 година. Во интервју за Си-Би-Ес Њуз, актерката изјави дека засега не размислува за ново  обединување.

-Не знам. Не мислам. Никогаш не се знае зошто или како. Можеби би имало смисла. Не знам. Во моментов не мислам дека има, изјави Кудроу. Таа, сепак, откри дека пронашла утеха во гледањето на епизодите од „Пријатели“ по смртта на Метју Пери, кој ја толкуваше улогата на Чендлер Бинг, а почина во 2023 година на 54-годишна возраст.

-Мислам дека се грижев дека некој ќе помине и ме види како ја гледам сопствената серија, а  тоа ме вознемируваше. Но, по смртта на Метју постојано го правев тоа. Тоа навистина ми донесе утеха. Затоа неодамна почнав да гледам ‘Пријатели’ пред спиење. Бидејќи не сум ги гледала сите епизоди. И навистина е забавно!, изјави таа.

Во другиот дел од разговорот, Кудроу посочи дека често се навраќа на своите претходни улоги и не ја исклучува можноста повторно да го оживее ликот на Фиби Буфе.

-Не знам, тоа е добро прашање. Не е невозможно. Едноставно ќе ги правам работите што ги правев и претходно, додаде актерката.

Во моментов, Кудроу ја промовира третата и последна сезона од серијата  „Враќање“ (The Comeback), во која ја игра Валери Чериш – лик што првпат го толкуваше во 2005 година, а повторно го оживеа во 2014 година

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Братот на Мило Ѓукановиќ имал таен премин од својот стан до трезорот во банката во која е сопствник
Следна Статија Мицкоски: Владата реагираше навремено и одлучно за да ги ублажи директните удари врз граѓаните и економијата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

Почина познат актер од „Хари Потер“

Сajмон Фишер-Бекер, ценетиот британски актер чија енергија и сестран талент оставија неизбришлива трага на сцената, екранот и во срцата на…

March 10, 2025
ЗАБАВА

Наградите за игри се поголеми од кога било, но не доаѓаат евтино

Годишната церемонија на доделување награди се обидува да ги прослави развивачите на игри и да ги воодушеви обожавателите, со различен…

December 12, 2025
ЗАБАВА

Што говореше Џорџ Бест: „Потрошив многу пари на жени, алкохол и автомобили, oстатокот го потрошив залудно“

Џорџ Бест е роден на 22 мај 1946 година и беше крилен напаѓач на Манчестер Јунајтед и репрезентацијата на Северна…

May 23, 2025
ЗАБАВА

Денеска е Свети Игнат – Што ќе правите денес, тоа ќе го правите во текот на целата година

Игнатовден, односно Св. Игнат, е христијански празник кој православните христијани го слават на 2 јануари. Според едни верувања, на овој…

January 2, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?