Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Нема да има една изборна единица – обидот на ЛДП пропадна
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Нема да има една изборна единица – обидот на ЛДП пропадна
ПОЛИТИКА

Нема да има една изборна единица – обидот на ЛДП пропадна

Објавено June 12, 2025 18:03
Сподели
Сподели

Пропадна обидот на либералката Моника Зајкова да се смени изборниот модел во една изборна единица со отворени листа. Предлогот доби поддршка од само 19 пратеници од опозицијата.

„Не е фер гласовите на околу 30 до 40 илјади граѓани да одат во вода, само заради изборниот модел. Ова не е само политичка неправда, туку е уставна повреда на начелото за еднаквост на гласот.“, додаде Моника Зајкова.

Според Зајкова, демократијата ќе се унапреди доколку постои можност граѓанинот да го бира директно својот пратеник преку отворени листи.

„Има страв од отворените листи кај оние кои со години ја градат својата моќ на неотчетност, на контролирани листи.“, порача Моника Зајкова.

Иако од партијата не гласаа „за“ предлогот, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вели дека тие поддржуваат една изборна единица. Според Мицкоски, темата се покренала откако од ДУИ, како што вели, ја нападнале Владата дека не се грижела за дијаспората со новиот Закон за локална самоуправа.

„Еве ние сме за тоа да имаме една изборна единица и да може и тие да учествуваат во еден таков изборен процес, да немаме трошоци, да немаме повеќе изборни единици… да има една и да се влеваат сите гласови во една изборна единица и на резидентното население, но и на онаа дијаспора којашто ќе сака да учествува.“, вели Христијан Мицкоски.

Претходно од ДУИ истакнаа дека тие поддржуваат предлог за една изборна единица со отворени листи, но со изборен праг за избор на пратеници – 3% од регистрираните гласачи или 5% од излезените на изборите.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Вечерва интервју на Алсат со премиерот Мицкоски
Следна Статија Николоски – Ле Риголер: Унапредување на економската соработка меѓу Македонија и Франција

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Мицкоски: Скандинавски управуваме со општините

Покажавме европско, скандинавско управување со општините на локално ниво и покажуваме овие година дена на централно ниво дека можело во…

May 5, 2025
ПОЛИТИКА

Мицкоски: На локалните избори ќе победи владината коалиција

На локалните избори ќе победи владината коалиција, изјави премиерот Христијан Мицкоски во вечерашното интервју за Алсат М. – Од тоа…

September 18, 2025
ПОЛИТИКА

Вреди им врати на ДУИ за скандирањето во Куманово: Партија што никогаш не почувствувала срам нема ни морал ни право да зборува

Партиите денеска ги осудија неприфатливите скандирања на поединци за време на вчерашниот кошаркарски натпревар помеѓу националниот тим на Македонија и…

August 3, 2025
ПОЛИТИКА

Поранешен градоначалник одбил функција во СДС, поради недоверба во лидерството на Филипче

Станува очигледно дека Венко Филипче нема капацитет да ја обедини сопствената партија, да ја реформира а уште помалку да понуди…

November 13, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?