Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Нема драстично зголемување на цените на основните прехранбени производи, смета Дурмиши
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Нема драстично зголемување на цените на основните прехранбени производи, смета Дурмиши
ЕКОНОМИЈА

Нема драстично зголемување на цените на основните прехранбени производи, смета Дурмиши

Објавено June 14, 2025 15:49
Сподели
Сподели

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши смета дека нема драстично зголемување на цените на основните прехранбени производи и тврди дека пазарните инспектори ги следат состојбите во целиот ланец од производство до малопродажба.

Дурмиши истакна дека по завршување на мерките на 30 април, во текот на цел мај, Државниот пазарен инспекторат ги следел цените во маркетите, дистрибутерите и производителите, за да се утврди дали има зголемување на цените, особено на основните прехранбени производи.

-Нема драстично зголемување на цените во делот, каде што ние сме надлежни, во делот на прехранбени основни производи. Секој месец Државен пазарен инспекторат ќе биде на терен ќе гледа, ако случајно се случува да имаме зголемување енормно без економски оправданост од трговците на цените, нормално дека ќе донесеме пак одлуки и тоа сум кажал и во други изјави дека ќе донесеме поригорозни мерки од тоа што сме ги презеле досега, рече Дурмиши одговарајќи на новинарски прашања во Тетово каде беше организирана средба со граѓани со цел промоција на новиот Оперативен план за вработување за 2025 година.

По предлогот на Министерството за економија и труд, Владата изгласа на 20 февруари мерка која траеше до 30 април со која имаше ограничување на маржи за 100 групи на производи, а „замрзнување“ на цени за осум производи.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Деветти „Марш за ангелите“ во Кочани
Следна Статија Младинците на Пелистер поразени во полуфиналето од ГОГ Гудме

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Асахи открива голема кибер-напад: Над 1,5 милиони клиентски податоци przecurele

Ransomware нападот во септември ги онеспособи операциите на Асахи во Јапонија и предизвика недостиг на пијалоци

November 28, 2025
ЕКОНОМИЈА

Синдикалната минимална кошница во декември 65 492 денари

Вредноста на синдикалната минимална кошница што ја пресметува Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) за декември годинава изнесува 65.492 денари…

December 20, 2025
ЕКОНОМИЈА

Најниско задоволство од цените во мобилната телефонија, една третина не ги читаат договорите

Повеќе од половина од корисниците на телекомуникациските услуги се задоволни од цените и квалитетот, а сумираното задоволство од цените е…

July 6, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Владата не сака репресивни мерки, но дел од маркетите не се корегираат, во првиот квартал законски измени

Во првиот квартал од годинава се очекува да бидат поднесени до Парламентот законските измени со кои ќе се зголемат глобите…

January 4, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?