Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Нема европска иднина без правда: Во Кочани се одржа 42. Марш за ангелите
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Нема европска иднина без правда: Во Кочани се одржа 42. Марш за ангелите
МАКЕДОНИЈА

Нема европска иднина без правда: Во Кочани се одржа 42. Марш за ангелите

Објавено May 9, 2026 19:54
Сподели
Сподели

Семејствата на загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 42. Марш на ангелите и денеска чекореа низ улиците во Кочани, почнувајќи од Паркот на Револуцијата и завршувајќи кај зградата на Основното јавно обвинителство во Кочани.

На одговорните во институциите им се обратија во три наврати, застанувајќи пред зградата на Полицијата, барајќи одговорност за полициските службеници, кои таа ноќ не интервенирале кога се запалила пиротехниката, како и при евакауцијата на нивните деца од дискотеката.

-Што точно правеле службените лица во тие клучни моменти? Тие немо стоеле и ги блокирале вратите на единствениот влез-излез и кога увиделе дека пожарот се шири, први кукавички бегаат да спасат глава. Ова е институционален пораз во најкритичниот момент затоа денес прашуваме: дали ова е систем подготвен да штити граѓани — или систем што целосно потфрлил во најважниот момент? Затоа што во тие минути не се мерела само професионалноста. Се мерела човечноста. Се мерела одговорноста. Се мерело дали униформата значи заштита — или само функција без тежина кога е најпотребно. Но затоа совршено функционирале: молкот, замижувањето, меѓусебното штитење, и чувството дека никој никогаш нема да одговара. Години наназад системот не гледал ништо- рече Розета Блажева во говорот на семејствата на загинатите млади луѓе.

Семејствата на 63 жртви во пожарот во дискотека „Пулс“ во Кочани на 42.Марш на ангелите порачаа дека денес не ја прашуваат Европа каде се нејзините вредности, туку нашата држава.

– Како точно планирате да стигнете до Европа, ако со години не успевате да стигнете ни до сопствената одговорност? Нема европска иднина без правда. Нема достоинство во држава каде родителите мора да маршираат за да бидат слушнати. И нема победа над темнината додека вистината за 63-те ангели сè уште талка по улиците, наместо да стои јасно и гласно во институциите. Затоа и денес ќе чекориме. За нашите 63 ангели. За вистината. И како потсетник дека човечкиот живот не смее да биде најевтината ставка во овој трул систем-вели Марија Патрушева во име на семејствата за загинатите млади луѓе.

Пред зградата на Основното јавно обвинителство семејствата му се обратија на премиерот и на министерот за внатрешни работи, порачувајќи им дека досега нивното ветувањето „И брат да ни е – ќе одговара не се реализира за нив како семејства, туку како што рекоа досега имаат само не правда и не одговорност.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Две жени се степале на гробиштата во Ѓорче Петров
Следна Статија Во кафуле во Хрватска: Го убил шефот на полицијата, а потоа пукал во себе

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Загубите на вода во Македонија лани изнесувале 63,05 проценти

Загубите на вода на национално ниво во 2025 година изнесувале 63,05 проценти и се помали за 0,16 проценти во споредба…

May 20, 2026
МАКЕДОНИЈА

Муцунски: Проширувањето на ЕУ не е само економска и трговска неопходност, туку предуслов за политичка и безбедносна стабилност на целиот континент

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, вчера и денеска учествува на Делфи Економскиот Форум што се одржува…

April 11, 2025
МАКЕДОНИЈА

Во Кичево поставен автомат за млеко од фармата на манастирот „Света Богородица – Пречиста“

Новопоставениот млекомат во Кичево е најновата можност за кичевци да се снабдат со свежо кравјо млеко од фармата на манастирот…

August 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

По 7 години запуштеност: „Македонско село“ повторно ќе заживее

Комплексот „Македонско село“ повторно ќе стане центар на културата, автентичната архитектура и македонска традиција, наскоро ќе се врати на туристичката…

April 8, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?