Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Нема никаква логика да сум се договорил со оние кои сакаат да го видат мојот политички крај, вели Мицкоски за Груби
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Нема никаква логика да сум се договорил со оние кои сакаат да го видат мојот политички крај, вели Мицкоски за Груби
МАКЕДОНИЈА

Нема никаква логика да сум се договорил со оние кои сакаат да го видат мојот политички крај, вели Мицкоски за Груби

Објавено February 26, 2026 16:54
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски денеска истакна дека поранешниот вицепремиер Артан Груби е обезбеден од страна на органите на редот и целата понатамошна постапка е одлука на судската власт.

Бегалецот е обезбеден од страна на органите на редот. Сè понатаму е одлука на друга власт – тоа е судската. Тоа нема никаква врска со Владата. Но, потсвеста е чудна и сега секој од нив се преиспитува што знае ова лице. И тоа ги „буши“. Да не се прошири делото од „Лотарија“, па да преминеме во Здравство или можеби нешто поврзано со вториот дел од вашето прашање – со канабисот. Сега седат и се вознемирени. И размислуваат, и совеста работи. Се грижат како може сето ова да заврши затоа што повеќе го нема Љупчо Коцевски, повеќе ги нема луѓето што беа нивен последен штит. Сега ќе дојде нов независен обвинител или обвинителка, ќе видиме како ќе биде, и тука очекуваме да биде правдата заштитена. А на оние што сега совеста им работи, немирни се, тешко спијат, нервозни се – тоа се гледа на прес-конференциите. Немирот си го прави своето. Сега велат доаѓа крајот. И кога доаѓа крајот, тие се обидуваат како мачка да скокнат на очи. Но заборавиле дека ние сме лавови и ваквите како нив ќе одговараат. И таа потсвест ќе продолжи да им прави немир и во периодот што следува – рече Мицкоски одговарајќи на пратеничко прашање на пратеникот Љупчо Пренџов за приведувањето и одредениот домашен притвор на Груби.

Потенцира дека „допрва почнува агонијата за поединци“.

Тоа треба сите да го знаат. Апсолутно ги разбирам граѓаните, кои се револтирани. Апсолутно ги поддржувам нивниот револт, емоција. Јас не можам да бидам, и не смеам, и не треба да бидам емотивен – немам такво право. Но, процесот сам по себе ќе даде одговор. Еве март дојде, нема мигранти. Ширеа хистерија дека ќе банкротираме – издадовме обврзница со најниска камата во регионот, дури пониска и од некои членки на ЕУ. И да не редам сè што се правеше, а тие создаваа и се обидуваа да создаваат хистерија. Не им успеа. Така и ова. Времето работи на нивна штета. Има една позната грчка изрека: големите работи се случуваат во тишина. И тоа ги мачи – рече Мицкоски.

На обвинувањата на опозицискиот СДСМ дека има договор да се врати Артан Груби, Мицкоски нагласи дека нема никаква логика да се договорил со оние кои сакаат да го видат неговиот политички крај.

Изминатите денови јавноста со право е вознемирана и апсолутно ги разбирам сите коментари, кои ги читам на социјалните мрежи. И тука не треба да има дилема дека постои револт кај наши сограѓани од сите етнички заедници. Во минатото ова лице, заедно со неговите коалициски партнери се однесуваше недостоинствено кон граѓаните, кон сите етнички заедници. Немам против во својата потсвест некој да ја обвини Владата дека има некаков договор, но да дојдеме до логиката. Јас како човек бев најнапаѓаниот од истото ова лице, Артан Груби. Се сеќавате на онаа фамозна реплика во еуфорија и една т.н. хистерија предизвикана од страна на истото лице, позната како „папа Мицко“. Се сеќавате кога на ден Прочка се креваа дронови над семејната куќа на мојата сестра и тој имот се претставуваше како мој скриен имот. Се сеќавате колку пати во јавни изјави и настапи од страна на Артан Груби и сите тие кои во тоа време беа дел од Владата предводена од СДСМ, ме напаѓаа мене лично, и со ниски страсти и со лаги, со клевети. И сега по некоја чудна логика јас излегувам како претседател на Владата и се договорам со овие кои сакаат да го видат мојот политички крај, а дел од нив и човечки. Мислам дека тука нема никаква логика – рече премиерот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Xbox CEO Asha Sharma — “This team has brought it back before, and I’m here to help us do it again.” – Windows Central
Следна Статија The FBI Says These Wi-Fi Routers Are Unsafe, And Here’s Why – SlashGear

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Карадаковски починал поради 90 отсто оштетени дишни патишта

Директното оштетување на 90 проценти од дишните патишта од чадот кој што го вдишал, заедно со големата површина на изгореници…

April 4, 2025
МАКЕДОНИЈА

Филков: Приоритет на Министерството за правда е враќањето на довербата во правосудниот систем

Министерот за правда Игор Филков во интервју за Press24.mk вели дека и покрај изборниот период, реформскиот процес нема да застане…

August 9, 2025
МАКЕДОНИЈА

Интензиво се работи на булеварот „Македонија“: Скопје ја добива првата подземна сообраќајница

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, заедно со премиерот Христијан Мицкоски, извршил увид во градежните активности на булеварот „Македонија“, проект што…

February 22, 2026
МАКЕДОНИЈА

Просветниот инспекторат утре ќе го посети училиштето во Челопек, Јаневска најави утврдување на одговорност

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, најави дека утре Државниот просветен инспекторат ќе го посети основното училиште „7 Март“…

December 1, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?