Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Нема одложување на европскиот систем ЕЕС, целосна примена од 10 април
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Нема одложување на европскиот систем ЕЕС, целосна примена од 10 април
СВЕТ

Нема одложување на европскиот систем ЕЕС, целосна примена од 10 април

Објавено February 4, 2026 20:57
Сподели
Сподели

Имплементацијата на ЕЕС – европскиот систем за влез и излез за регистрација на граѓани на земји кои не се членки на ЕУ – нема да биде одложена, изјави Европската комисија за Н1.

Со тоа Европската комисија ја негираше веста објавена од некои медиуми во регионот дека имплементацијата на ЕЕС се одложува од април до септември 2026 година, нагласувајќи дека не се најавени нови продолжувања на неговото постепено воведување.

„Постепеното спроведување на ЕЕС ќе заврши на 9 април 2026 година. Сепак, регулативата ЕЕС веќе предвидува одредени флексибилности за земјите-членки за периодот по завршувањето на воведувањето во април оваа година. Ова не е ништо ново“, нагласи Европската комисија за Н1.

Како што објасни Европската комисија, ова значи дека до 10 април 2026 година, сите земји-членки ќе мора целосно да го имплементираат ЕЕС на сите свои гранични премини и да ги регистрираат сите државјани на трети земји што ги преминуваат границите.

Некои медиуми во регионот претходно објавија дека Европската комисија донела одлука за одложување на целосната имплементација на ЕЕС до септември 2026 година.

Таквата одлука, како што е наведено, треба да им овозможи поголема флексибилност на членките на Шенген зоната во текот на летната сезона, кога сообраќајот е зголемен и се очекуваат големи навалици.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Компании во Грција издавале фиктивни фактури во вредност од 720 милиони евра
Следна Статија Акција на полицијата во Струмица и струмичко – опсада за 5те тони марихуана

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Уште еден американски авион се урна над Ормуз

Уште еден борбен авион на американските воздухопловни сили се урна  во регионот на Персискиот Залив, изјавија двајца американски функционери за…

April 4, 2026
СВЕТ

Трет брод нападнат во Ормуски Теснец

Уште еден брод е погоден во Ормуски Теснец. Претходно агенциите за поморска безбедност соопштија дека денеска во теснецот погодени се…

March 11, 2026
СВЕТ

(Видео) Маск: Злобните идиоти избраа погрешно возило

Извршниот директор на Tesla, Илон Маск, најави дека ќе ја разгледа можноста за поднесување тужби против медиумите поради нивното покривање…

January 3, 2025
МАКЕДОНИЈА

Владата бара генерално решение за системот ЕЕС, се водат преговори на билатерално ниво

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарски прашања за системот ЕЕС (за влез и излез во ЕУ) изјави дека се…

May 5, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?