Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Нема потреба од создавање паника, има залихи нафта, вели Димитриеска-Кочоска
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Нема потреба од создавање паника, има залихи нафта, вели Димитриеска-Кочоска
ЕКОНОМИЈА

Нема потреба од создавање паника, има залихи нафта, вели Димитриеска-Кочоска

Објавено March 6, 2026 18:44
Сподели
Сподели

Апсолутно состојбата е во ред и ние ја следиме. Нема никаков проблем и нема потреба од создавање паника кај граѓаните дека нема да има нафта, рече денеска министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.

Одговорајќи на новинарски прашања по панелот за растот на економијата во Владата, Димитриеска-Кочоска информира дека вчера во Министерството се одржал состанок со нафтените компании и ниту една од нив не кажала, како што рече, дека има каков било проблем со залихи на нафта. Инспекторите во однос на цените и евентуални поскапувања, напомена, се на терен. Повеќе од 100 бензински пумпи биле посетени од Државниот пазарен инспекторат во тек на едно деноноќие.

Ако се оцени дека има потреба, оцени министерката, Владата ќе прогласи кризна состојба и Министерството за финансии ќе ги активира инструментите согласно законот.

Таа упати прашањата за цените на бензините и нафтата да се упатуваат до Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) која, информира, ќе заседава в понеделник.

– Жал ми е што во секоја ваква ситуација поединци секогаш се трудат да остварат профит и тоа е целта што најверојатно голем дел од луѓето ги води, па созвдаваат вештачки кризи, дека нема доволно нафта. Состанокот вчера беше на одлично ниво, ниту една компанија не кажа дека воопшто има каков било проблем со залихи на нафта. Вчера беа сите нафтени компании, прашани беа една по една и сите рекоа дека се е во ред. Ако газдите не знаат каква е ситуацијата, не може ние да викаме дека не е како што треба. Нема потреба од создавање паника, а законите имаат предвидено се и институциите ќе постапат. Сите ја следиме состојбата и соодветно ќе реагираме. Во законот за акцизи има автоматски стабилизатори. Тоа значи, ако се прогласи кризна состојба во државата, по автоматизам министерот за финансии носи одлука за промена на износот на акцизата. Ако е цената на нафтата оди нагоре, намалувањето е 1, 2 и 4 денари зависно од тоа во кој праг влегуваме. Но, состојбата ја следиме, се е под контрола. Нема потреба граѓаните да чувствуваат паника. В понеделник, РКЕ, која е надлежна за цените, ќе се состане. Таа одлучува како независен орган. Ние како Министерство сме ги вградиле автоматските стабилизиатори и ако има потреба, Владата ќе прогласи кризна состојба и ние веднаш ќе постапиме. Во однос на претходни кризи и искуства гледаме дека ситуацијата е многу постабилна, но ние не сме експерти за нафта, најсоодветно е за тоа да ги прашате РКЕ, порача Димитриеска-Кочоска.

Министерката не кажа дали има и други, нови инспекциски контроли. За тоа е најдобро, рече, да се праша Министерството за енергетика.

– На неколку пумпи е забележано, зашто од главните складишта не биле испорачана нафта или бензин до пумпите. Но, тоа е во рамки на организацијата на самите компании, кажаа сите вчера дека нема никаков проблем и дека ова може да се случи во кои било услови и дека им требаат неколку часа за транспорт на нафтата од складиштето до пумпата. Во однос на кризна состојба, повторно ќе кажам, не можам да се согласам дека можеме да предвидиме, денеска цените се стабилни и имаше намалување за еден дполар во однос на вчера, потенцира Димитриеска-Кочоска.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Трамп: Имам неколку кандидати за нов ирански лидер
Следна Статија Обвинителството ќе истражува дали има пропусти кај социјалните работници за случајот во Карпош

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Се исполнува ветувањето на Николоски: Наскоро Туркиш ерлајнс почнува да лета на линијата Охрид-Истанбул

Од 27-ми март, Туркиш ерлајнс започнува да лета на линијата Охрид-Истанбул. Авиокомпанијата веќе ги пушти во продажба билетите за летната…

December 11, 2024
ЕКОНОМИЈА

ДЗС: Трошоците за живот во ноември на годишно ниво пораснале за повеќе од четири проценти

Трошоците на животот во ноември 2024 година, во однос на ноември лани, бележат зголемување од 4.3 отсто, а цените на…

December 10, 2024
ЕКОНОМИЈА

Трендафилов: Фрапантни 33,1 проценти од работниците примаат плата под 500 евра

СЛЕДНИОТ ПАТ КОГА ЌЕ ЧЕКАШ ДРУГ ДА СЕ БОРИ ЗА ТВОЈАТА ПЛАТА  Треба да знаеш дека фрапантни 1/3 или 33,1%…

August 24, 2025
ЕКОНОМИЈА

Николоски и Тошковски со одлични вести за транспортерите

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски ја поздрави иницијативата на Европска Комисија за надминување на проблемите со кои се…

February 3, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?