Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Нема услови за авионска евакуација: Македонците од Израел ќе се спасуваат со брод – се огласи амбасадата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Нема услови за авионска евакуација: Македонците од Израел ќе се спасуваат со брод – се огласи амбасадата
МАКЕДОНИЈА

Нема услови за авионска евакуација: Македонците од Израел ќе се спасуваат со брод – се огласи амбасадата

Објавено June 22, 2025 13:42
Сподели
Сподели

Поради затворање на воздушниот простор и аеродромот во Израел, македонските државјани кои се наоѓаат таму засега не можат да бидат евакуирани преку Тел Авив, соопшти денеска македонската амбасада во Израел.

-Во моментов нема услови за авионска евакуација преку аеродромот во Тел Авив. Ги информираме граѓаните дека постои алтернативна морска рута од Ашдод до Лимасол (Кипар), преку компанијата „Mano Shipping“, велат од Амбасадата.

Следната достапна можност за заминување од Израел е бродот „Crown Iris“, кој според планираното треба да отплови од Ашдод на 27 јуни (петок) во 12 часот и има капацитет од 1.500 патници.

Картите може да се купат директно преку веб-страницата на „Mano Shipping“.

-Ги повикуваме сите македонски државјани кои немаат валиден пасош да се јават во Амбасадата за издавање на патен лист,  апелираат од дипломатската мисија во Тел Авив.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: СДСМ ја понижи и ја клекна државата на колена, а денес зборува за понижена Македонија
Следна Статија Македонија ќе продолжи да се гради: Пуштен е во употреба реконструираниот пат Понов мост-Богданци

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Христијан Стојанов е уште еден херој кој спасувал животи во Пулс: Денови не можев да заспијам од глетките кои ги видов

Осумнаесетгодишниот Христијан Стојанов е еден од младите херои на трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, кој храбро и несебично влегол…

March 31, 2025
МАКЕДОНИЈА

Ципрас, другарот на Заев се враќа во политиката со нова партија

Во пресрет на парламентарните избори во Грција, што ќе се одржат за една година, во следните денови ќе бидат соопштени…

May 19, 2026
МАКЕДОНИЈА

Сите судии изземени во Битола, предметот за РЕК и Марковски оди во судот во Струга

Предметот за злоупотребите со јавни набавки во РЕК Битола и Марковски компани се сели во Основниот суд Струга, откако сите…

April 7, 2026
МАКЕДОНИЈА

Во сеќавање на жртвите од Кочани: Градското собрание на Лос Анџелес осветлено во боите на македонското знаме

Градското Собрание на Лос Анџелес во американската сојузна држава Калифорнија, во чест и сеќавање на жртвите од трагедијата во Кочани,…

June 17, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?