Македонскиот кошаркарски репрезентативец Ненад Димитријевиќ не ужива голема минутажа во Милано и конкуренцијата е голема.
Некако и не успеа да се вклопи кај Еторе Месина и неговите кошаркарски замисли, иако дојде во Италија по авантура од соништата.
Деби сезоната во Евролигата ја игра, но и покрај тоа италијанскиот новинар Андреа Калцони објави дека Нено како што изгледа во моментов ќе бара нов клуб.
Димитријевиќ, минатата сезона, блескаше во дресот на УНИКС Казан, беше прогласен за МВП на руската лига.
Нема баш најдобра сезона во Евролигата има просек од 7,9 поени, додека во првенството одигра 13 натпревари со просек од 8,5 поени.