Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Неправилности во Институтот за јавно здравје, утврдија ревизорите
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Неправилности во Институтот за јавно здравје, утврдија ревизорите
МАКЕДОНИЈА

Неправилности во Институтот за јавно здравје, утврдија ревизорите

Објавено June 2, 2026 17:02
Сподели
Сподели

Државниот завод за ревизија изврши ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на Јавната здравствена установа Институт за јавно здравје на Република Македонија- Скопје на сметката за средства од програмите за здравствена заштита, сопствено учество на осигурените лица во цената на здравствената услуга и други средства од сопствени приходи (531) за 2024 година.

„Изразивме неповолно мислење во однос на вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи и за усогласеност на финансиските трансакции со релевантната законска регулатива за 2024 година“, стои во извештајот на ревизорите.

Извршена е ревизија на финансиските извештаи и за усогласеност со законите и прописите за 2016 година и изразено е неповолно мислење во однос на вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи и за усогласеност на финансиските трансакции со релевантната законска регулатива.

Проверката на спроведување на препораките дадени во Конечниот извештај на овластениот државен ревизор е спроведена во текот на 2019 година кога е утврдено дека од дадените петнаесет препораки, четири препораки се спроведени, една е во тек, седум се делумно спроведени и три препораки се неспроведени.

Со извршената ревизија на финансиските извештаи на Институтот за 2024 година утврдено е следното:

– за приемот и потрошувачката на медицински материјали не е воспоставена целосна евиденција и не е извршено усогласување на податоците од сметководствената и материјалната евиденција со спроведениот физички попис на сите потрошни материјали;
– приемот и потрошувачката на вакцини не е евидентиран во деловните книги;
– попис на побарувањата не е направен во целост, а за побарувања во износ од 18.245 илјади денари кои се постари од три години не се преземени активности за наплата;
– активности предвидени со Националната годишна програма за јавно здравје за 2024 година не се спроведени во целост;
– неправилности поврзани со ангажирани лица со договор на дело и
– недоследности при издавањето на простор на Институтот под закуп.

Исто така. ДЗР мнотира дека активностите предвидени со Националната годишна програма за јавно здравје за 2024 година не се спроведени во целост; законски предвидените регистри кои се во надлежност на Институтот не се воспоставени; во дел од спроведените постапки за јавни набавки утврдени се слабости во примена на одредбите на Законот за јавните набавки; дел од медицинската опрема не е ставена во употреба; несоодветни исплати на плата и надоместоци на плата; неправилности поврзани со ангажирани лица со договор на дело.

За овој извештај поранешниот директор на ЈЗУ Институт за јавно здравје проф. д-р Шабан Мемети, заведени во Државниот и по него в.д директорката науч. сор. д-р Марија Андоновска, доставиле забележки, од кои само една е прифатена, а останатите не се прифатени поради недоставени дополнителни докази.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Николоски: Со нови пет авиолинии сме единствена држава што отвора летови во најголемата авиокриза
Следна Статија Реконструкција на Владата ќе има во втората половина од јуни

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Шест месеци од трагедијата во Кочани, „Марш на ангелите“ и протест во Скопје

Шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот го загубија 62 млади лица се навршуваат денеска.…

September 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Ги празнуваме светите маченички Вера, Надеж, Љубов и мајка им Софија

Денеска се празнува споменот на познатата Римјанка Софија, која своите ќерки Вера, Нада и Љубов ги воспитала да имаат вера…

September 30, 2025
МАКЕДОНИЈА

УНИЦЕФ со пофалби за новите формули за финансирање на основното и средното образование од страна на Владата

„УНИЦЕФ го поздравува усвојувањето на новите формули за финансирање на основното и средното образование од страна на Владата на Северна…

August 13, 2025
МАКЕДОНИЈА

Каја Калас следниот месец доаѓа во Македонија

Со поддршката за земјава наменета за спречување конфликти и за зајакнување на регионалната стабилност, Унијата покажува дека „целосно ја поддржува…

April 25, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?