Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Нестварно, англиските клубови досега потрошиле 1,87 милијарди евра за засилувања
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Нестварно, англиските клубови досега потрошиле 1,87 милијарди евра за засилувања
СПОРТ

Нестварно, англиските клубови досега потрошиле 1,87 милијарди евра за засилувања

Објавено July 26, 2025 08:54
Сподели
Сподели

Ова лето, клубовите од англиската Премиер лига ги поместуваат сите граници поставени досега кога станува збор за парите инвестирани во зајакнување на нивните тимови. И сè уште не ја завршиле работата.

Според специјализираниот фудбалски портал „Трансфермаркт“, од јуни, кога се отвори летниот трансфер пазар, до денес, елитните англиски клубови потрошиле импресивни 1,87 милијарди евра за нови играчи.

Поголемиот дел од овие пари од нивните сметки, за засилувања, ги издвоија само неколку од најмоќните клубови.

Ливерпул доминира.

„Црвените“ потрошија 307 милиони евра за нови играчи во тековниот преоден рок, а клубот од „Енфилд“ инвестираше речиси 200 милиони само за двајца играчи, Флоријан Вирц и Уго Екитике.

Втор на листата на најголеми трошаџии е актуелниот светски шампион Челзи.

„Сините“ направија голем дел од работата во зајакнувањето на играчкиот кадар со инвестиција од 242 милиони евра, а за тие пари ги доведоа Жоао Педро (70 милиони), Џејми Гитенс (65 милиони), Естевао (34 милиони), Лиам Делап (35,5 милиони)…

Арсенал е трет на листата со 156 милиони инвестирани досега за нов кадар во составот, иако вредноста на трансферот на Виктор Ѓокереш, чиј потпис за „топџиите“ е прашање на денот, наскоро треба да се додаде на оваа сума.

Арсенал сигурно ќе ја надмине сумата од 200 милиони евра ова лето за засилувања, кога Швеѓанецот конечно ќе го потпише договорот.

Манчестер јунајтед потроши приближно колку и Арсенал, 152,7 милиони евра.

Поединечно, клубот од „Олд Трафорд“ даде најмногу пари за трансферот на Брајан Мбеумо од Брентфорд, речиси 80 милиони евра.

На петтото место е Манчестер сити (145 милиони), по него Тотенхем (140 милиони), а Сандерленд е исто така високо на оваа листа со 115,5 милиони за нови имиња, додека Брајтон, Барнли и Лидс се веднаш зад нив.

Сите три споменати клуба потрошија во опсег од 70-80 милиони за засилувања.

Финансискиот јаз помеѓу повеќето англиски клубови, не само најсилните, и остатокот од Европа, се чини, а тоа го покажуваат и трансферните вредности, никогаш не бил поголем.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Денес пеколно топло со температури од 43 степени
Следна Статија Париз, Лондон и Берлин повикаа да престане хуманитарната катастрофа во Газа

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Заврши Евробаскетот за Богдан Богдановиќ

Капитенот на кошаркарската репрезентација на Србија, Богдан Богдановиќ го заврши своето учество на Европското првенство, тврдат медиумите во оваа земја.…

August 31, 2025
СПОРТ

„Барселона врши мобинг врз Тер Штеген“

Барселона вчера објави дека му ја одзема капитенската лента на голманот Марк-Андре тер Штеген поради дисциплинска постапка што клубот ја…

August 8, 2025
СПОРТ

Aлкараз го освои Париз со неверојатен пресврт против Синер

Вториот тенисер во светот, Карлос Алкараз, го освои Ролан Гарос.Во финалето на Отвореното првенство на Франција, Шпанецот го победи Јаник…

June 8, 2025
СПОРТ

Коко Гоф со пресврт до прв трофеј на Ролан Гарос

Американската тенисерка Коко Гоф го освои Ролан Гарос, победувајќи ја Арина Сабаленкa во финалето. Гоф ја освои втората Гренд слем…

June 8, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?