Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Нивото на македонскиот јавен долг значително под просекот во ЕУ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Нивото на македонскиот јавен долг значително под просекот во ЕУ
ЕКОНОМИЈА

Нивото на македонскиот јавен долг значително под просекот во ЕУ

Објавено May 8, 2025 17:32
Сподели
Сподели

Нивото на јавниот долг на земјава на крајот на првиот квартал од 2025 година изнесуваше 57,7 отсто од вредноста на националниот БДП, што е за речиси 24 процентни поени пониско во споредба со просечниот долг во ЕУ и за над 30 поени под должничките обврски на Еврозоната.

Македонскиот власти очекуваат во наредниот период јавниот долг да продолжи да се намалува, и како што најави премиерот Христијан Мицкоски, со продолжување на оваа тенденцијата на негово намалување, до крајот на мандатот на оваа Влада тој би изнесувал под 55, па дури можеби и под 50 проценти.

Очекувам оваа тенденција да продолжи, имаме ниво на јавен и државен долг во однос на БДП кој е најнизок во последните пет години. Јавниот долг е 57,7 отсто од БДП, а државниот 50,1. Но, за мене е важно и номиналниот БДП да биде 20 милијарди долари. Сега сме на ниво од 17 милијарди за 2025 година, порача Мицкоски.

И министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска посочи дека јавниот долг во изминатиов период е намален не само процентуално, туку и во апсолутни бројки.

Слушате многу често дека одредени работи се штедат, се внимава, па како министерката за финансии во дадени ситуации е малку построга. Ние немаме друг избор освен да работиме домаќински. Премногу се задолживме во изминатите години. Сега граѓаните можат да споредуваат дали работиме домаќински со намален долг од 36 милиони евра во апсолутен износ или некој пред нас работел домаќински, кога долгот го зголемил за 292 милиони евра за ист период, изјави Димитриеска-Кочоска.

Според податоците на Министерството за финансии, нивото на јавниот долг на крајот на првиот квартал од 2025 година изнесуваше 57,7 отсто од БДП и бележи намалување за 36 милиони евра во апсолутен износ или за 4,7 процентни поени во споредба со нивото од крајот на 2024 година, кога изнесуваше 62,4 проценти од БДП.

На крајот од минатата година, според податоците на Европската статистичка агенција – Евростат, просечниот бруто јавен долг на земјите членки на ЕУ изнесувал 81,6 отсто од вкупниот БДП, додека само во Еврозоната тој бил на ниво од 88,2 проценти од БДП.

Ова претставува намалување во однос на нивото на долгот во ЕУ на крајот од третиот лански квартал, кога тој изнесувал 88,4 отсто од БДП, но и зголемување на ниво на Еврозоната за 0,1 процентен поен.

Од вкупниот долг на ЕУ, 84 проценти отпаѓаат на долгувања по однос на хартии од вредност, 13,4 отсто за кредити и 2,6 отсто за депозити. Во Еврозоната, пак, на долгувањата по однос на хартии од вредност отпаѓа 83,6 отсто од вкупниот долг, на кредити 13,9 и на депозити 2,5 проценти.

По земји, најголем долг на крајот на 2024 година имала Грција од 153,6 отсто споредено со висината на БДП, пред Италија со 135,3 проценти и Франција од 113 отсто. Долг повисок од националниот БДП имаат и Белгија на ниво од 104,7 и Шпанија 101,8 отсто.

Најниско ниво на долгот на крајот на декември 2024 година имала Естонија со 23,6 проценти од националниот БДП, пред Бугарија од 24,1 отсто и Луксембург со 26,3 проценти.

Од останатите земји во регионот, во истиот период долгот на Словенија изнесувал 67 отсто од БДП, на Хрватска 57,6 и на Романија 54,8 проценти.

Најголем квартален раст на долгот во последното тримесечје од 2024 година бележи Бугарија од 2,4 процентни поени, пред Романија од 2,0, Финска и Франција од по 1,4, Летонија од 1,3 и Полска од 1,2 проценти поени.

Најголем квартален пад на вкупниот долг во истиот период бележи Португалија од 3,2 процентни поени, пред Словенија од 2,6, Грција од 1,8, Малта и Холандија од по 1,1 и Шпанија од 1,0 процентен поен.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Во 18 часот сите навиваме за Македонија
Следна Статија Еве каков авион користи Вучиќ со кој безбедно слета во Москва

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Од велешка Маслодајна бараат намалување на ДДВ за сончоглед од 10 на 5 отсто, а на суровото масло како суровина за производство на зејтин зголемување на ДДВ од 5 на 10 отсто

Прехранбената индустрија „Кристал 1923“ АД Велес попозната како Маслодајна оваа година откупи 4.950 тони домашен сончоглед и увезе 2.262 тона…

November 30, 2025
ЕКОНОМИЈА

Просечната плата во септември била 41.585 денари

Просечната нето плата во септември достигна 41.585 денари, објави Државниот завод за статистика. Согласно најновите податоци забележан е раст во…

November 21, 2024
ЕКОНОМИЈА

Маркетите веќе ги поставуваат ознаките за домашните производи, во тек и регистрација на платформата makedonskonajdobro.mk

Маркетите деновиве на рафтовите треба да ги постават означувачите за македонските производи кои на граѓаните ќе им овозможат веднаш да…

August 14, 2025
ЕКОНОМИЈА

Дизелот поевтинува за еден денар

Малопродажните цени на нафтените деривати се намалуваат во просек за 0,93%. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98,…

October 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?