Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Низ Ормутскиот теснец веќе пловат бродови!
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Низ Ормутскиот теснец веќе пловат бродови!
СВЕТ

Низ Ормутскиот теснец веќе пловат бродови!

Објавено June 15, 2026 17:08
Сподели
Сподели

Претседателот на САД, Доналд Трамп, на сопствената социјална мрежа „Трут соушл“ (Truth Social) објави дека трговските бродови почнале да се движат низ Ормуската Теснина, а платформата „Морски сообраќај“ наведе дека бродовите уште се во мореузот.

Трамп тврди дека бродовите се движат по „јужниот автопат“, кој, според него, е целосно безбеден и заштитен.

Неговата објава е пред најавеното потпишување меморандум за разбирање помеѓу Техеран и Вашингтон, што е предвидено да се одржи в петок во Швајцарија. Документот предвидува целосно отворање на Теснината, деблокирање на иранските пристаништа и укинување на санкциите за иранската нафта заедно со истовремено прекинување на сите воени активности во регионот.

Но, според најновите сателитски податоци од специјализираната платформа „Морски сообраќај“ (MarineTraffic), 500 големи комерцијални бродови или стојат или бавно маневрираат во оваа област чекајќи го петок со најавеното историско отворање на овој морски премин.

Податоците од системот за следење бродови покажуваат дека во областа се наоѓаат повеќе од 230 големи танкери, над 250 товарни брода и голем број помали бродови.

Дури 70 проценти од мапираните танкери во моментот се целосно стационарни и закотвени на стратешки позиции. Многу од нив се групирани во близина на главните терминали за извоз на нафта во Саудиска Арабија, Ирак и Обединетите Арапски Емирати, каде што поминаа голем дел од изминатиот месец поради војната. Експертите забележуваат дека вистинскиот број на бродови во регионот е веројатно многу поголем бидејќи многу трговски бродови сè уште не ги емитуваат своите локации на јавните системи од безбедносни причини.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Падна првиот отказ на СП, еве за кого
Следна Статија Најмногу се градат станови до 75 метри квадратни

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Во Европа повторно раст на цените на гасот

Цените на гасот во Европа денеска повторно се зголемија и го достигнаа највисокото ниво од јануари 2023 година. Растот на…

March 9, 2026
СВЕТ

Во пожарот во Хонг Конг загинаа најмалку 94 луѓе

Пожарот што го зафати станбениот комплекс Ванг Фук Корт, при што загинаа најмалку 94 луѓе, главно е под контрола, а…

November 28, 2025
СВЕТ

Европската комисија предложи царини од 25 отсто за американски производи како одговор на мерките на Трамп

Европската комисија предложи воведување на одмазднички царини од 25 отсто за низа американски производи како одговор на царините што ги…

April 7, 2025
СВЕТ

Геолог со објаснување: Еве зошто Гренланд е толку посебен

Темелот на модерните зелени технологии се 34 суровини. На Гренланд се наоѓаат дури 25 од нив. На прв поглед, Гренланд…

January 14, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?