Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Никако да не се користи водата во Гостивар, советуваат од Институтот за јавно здравје
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Никако да не се користи водата во Гостивар, советуваат од Институтот за јавно здравје
ЗДРАВЈЕ

Никако да не се користи водата во Гостивар, советуваат од Институтот за јавно здравје

Објавено July 19, 2026 13:51
Сподели
Сподели

Агенцијата за храна и ветеринарство на 17 јули издаде забрана за употреба на водата за пиење од гостиварскиот водоводен систем поради основано сомнение дека е загадена и небезбедна за употреба. Поради времената забрана за употреба на водата за пиење од градскиот водовод во Гостивар, на граѓаните им се препорачува да ги почитуваат мерките до добивање на официјално известување дека водата повторно е безбедна за употреба. До официјално укинување на забраната, водата од градскиот водовод не треба да се користи за пиење, ниту по превривање, освен ако надлежните институции не дадат поинаква препорака, соопштија од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

– Со навремено почитување на препораките значително се намалува ризикот од појава и ширење на заболувања што се пренесуваат преку вода. Особено внимание треба да се посвети на заштитата на доенчињата, малите деца, бремените жени, постарите лица и лицата со хронични заболувања, кои имаат поголем ризик од потешки последици при појава на цревни инфекции – нагласија од Одделот за епидемиологија на заразни заболувања.

Кога станува збор за вода за пиење и подготовка на храна, препораките се да не се користи вода од градскиот водовод.

– Ако имате пристап до флаширана вода, набавете ја за овој период. Потребни се најмалку четири литри вода по лице на ден. За пиење користете фабрички пакувана вода – флаширана вода. Не користете вода од водоводот за подготовка на храна, миење овошје и зеленчук што се консумираат свежи, подготовка на мраз, подготовка на сокови, кафе, чај и други пијалаци. Не користете вода од водоводот за подготовка на храна за доенчиња – се додава во соопштението.

Се советува рацете да се мијат често со сапун и безбедна вода – флаширана, особено пред подготовка и консумирање храна, по користење на тоалет, по менување пелени, по контакт со заболено лице. Доколку нема безбедна вода, добра опција е да се користи средство за дезинфекција на база на алкохол кога рацете не се видливо извалкани.

– За миење заби користете исклучиво безбедна вода – флаширана. За туширање и капење да се користи безбедна вода – флаширана или превириена вода, но, да се внимава водата да не се голта. Доколку нема безбедна вода, користете влажни марамчиња или крпи за еднократна употреба за периодот додека водата е забранета за употреба – се додава во соопштението.

При подготовка на храна, од Институтот советуваат таа добро термички да се обработува.

– Избегнувајте подготовка на храна што не се готви доколку не може да се користи безбедна вода. Користете еднократни чинии и прибор за јадење за да избегнете миење – пишува во соопштението.

Има препораки и до ресторани, кафулиња и угостителски објекти. Според Институтот – да не користат вода од водоводот за подготовка на пијалаци, да не користат вода за миење овошје и зеленчук, да користат само безбедна вода – флаширана за подготовка на храна, а машините за мраз да не се користат.

Во градинките препораките се децата да пијат исклучиво безбедна вода – флаширана, да не се користат чешмите за полнење шишиња, храната да се подготвува само со безбедна – флаширана вода.

– Веднаш обратете се кај матичен лекар или во најблиската здравствена установа доколку се појават дијареја, повраќање, гадење, стомачни грчеви, покачена температура, слабост, знаци на дехидратација – силна жед, сува уста, намалено мокрење, омалаксаност. Особено внимание е потребно кај доенчиња и мали деца, бремени жени, постари лица, лица со хронични заболувања и ослабен имунитет – апелираат од Институтот.

Во соопштението се истакнува дека небезбедната вода може да биде извор на бактериски, вирусни и паразитарни инфекции што предизвикуваат гастроентеритиси.

– За намалување на ризикот, користете само безбедна вода за пиење и подготовка на храна. Редовно мијте ги рацете. Одделувајте сирова од готова храна. Храната чувајте ја на соодветна температура. Одржувајте добра хигиена во кујната. Не споделувајте чаши и прибор за јадење со лица кои имаат симптоми на стомачна инфекција – се советите од надлежните.

Се алармира и граѓаните редовно да ги следат известувањата на надлежните институции – Институт за јавно здравје, Центар за јавно здравје, Министерство за здравство, Агенција за храна и ветеринарство.

– Водата од градскиот водовод повторно може да се користи за пиење само по официјално известување дека забраната е укината и дека водата е безбедна за употреба – потенцираа надлежните.

Од Институтот за јавно здравје дадоа препораки и што да се направи кога ќе се укине забраната.

– По официјалното укинување на забраната: пуштете ја водата да тече од пет до 10 минути, испразнете и исчистете ги апаратите за вода, исфрлете го мразот направен за време на забраната, заменете ги филтрите доколку производителот го препорачува тоа – советуваа од Институтот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Коњот Букефал со пет нозе насликан на билборд за добредојде во Скопје
Следна Статија Се чека со часови за влез во Грција: Километарски колони и покрај седум ленти

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Алексиоска–Папестиев: Клиниката за гинекологија ќе има современ центар за ин-витро

Повеќе современи методи – од минимално инвазивни лапароскопски и хистероскопски процедури, до напредни протоколи во третманот на ризични бремености и…

November 11, 2025
ЗДРАВЈЕ

ФЗО: Четири години никој не се пожалил дека му била направена непотребна операција во приватните болници

Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) соопшти дека во изминатите четири години не е евидентирана ниту една претставка од пациенти за…

August 21, 2025
ЗДРАВЈЕ

Предупредување за изложеност на мали сипаници на аеродромот во Филаделфија

Одделението за јавно здравство во Филаделфија упатува предупредување до патниците за можна изложеност на мали сипаници на меѓународниот аеродром.

February 17, 2026
ЗДРАВЈЕ

Четворица професионални војници имаат шуга

Се зголеми бројот на војници заразени со шуга. Кај четворица е откриена болеста, сите се во добра состојба и се…

February 9, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?