Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Николовски до Трипуновски: Ќе останат ли земјоделците без зелена нафта, а учениците без мерката „здрав оброк“?
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Николовски до Трипуновски: Ќе останат ли земјоделците без зелена нафта, а учениците без мерката „здрав оброк“?
ПОЛИТИКА

Николовски до Трипуновски: Ќе останат ли земјоделците без зелена нафта, а учениците без мерката „здрав оброк“?

Објавено May 20, 2025 18:35
Сподели
Сподели

Пратеникот на СДСМ, Љупчо Николовски на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања, упати прашање до министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, во врска со мерките зелена нафта и здрав оброк во училиштата и градинките, кои беа воведени од Владата предводена од СДСМ.

„Второто прашање се однесува на програмите за зелена нафта и здрав оброк. Велите дека овие две мерки и програми сериозно ќе бидат модифицирани. Дека овие се прво изворни мерки на СДСМ од програмата од претходниот период. Велевте дека сериозно ќе бидат модифицирани и зелената нафта каде што 100% исплаќаме кон земјоделците, онаа европска политика на коja постојано и наоѓате мани, а тоа е за поттикнување на потрошувачката, односно здрав оброк за децата во училиштата и градинките.

Тоа е европска политика којашто успеавме системски да ја решиме и воспоставиме, и сметам дека треба исто така да биде продолжена.

Меѓутоа, се реализира ли тоа што го велите? 15 април е законскиот рок за објавување на едната програма – не ја објавивте за набавка на овошје во градинките. И еве ги двете програми во 2024 и 2025 година, нема ниту еден збор променето.

Ниту програмата којашто сме носеле тогаш, ниту оваа програма којашто ја предлагате сега. Значи, нема никаква измена во програмата. Не направивте измена, меѓутоа нека биде донесена заради тоа што ќе треба набавка на кајсии и круши, ќе треба и сите оние производи коишто се наведени во програмата, а за коишто не знам дали ќе има време да бидат реализирани.

Еве ја уредбата за зелена нафта каде што велевте дека драстично ќе биде променета оваа мерка на СДСМ, а 50 илјади земјоделци ја примаат. Еве ја уредбата од 2024 година, страна 27, а еве ја и уредбата од 2025 година, страна 27. Нема ниту еден збор. Истата страна е, се препишано од минатата во оваа година и нема ништо променето.

Меѓутоа, дали во август и септември ќе ги добијат земјоделците токму овие субвенции – кога почнува сезоната, кога ќе биде берба и во овоштарство и во лозарство, во сите сектори, тогаш ќе биде потребна зелена нафта. А бидејќи не ви е објавена, а ги знам роковите, прашањето е дали земјоделците навреме ќе добијат картички за зелена нафта? Знаеме колку време ќе им треба на фирмите за да ја подготват документацијата, знаеме кои се законските рокови. И дали учениците ќе ја добијат здрав оброк – ќе биде реализирана оваа програма?“, посочи Николовски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Договорот за стратешко партнерство со Британија ќе биде потпишан во четврток во Лондон
Следна Статија Зошто снема струја во неделата утрото: Можни се три причини, вели заменик министерот за енергетика

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Мицкоски за писмото од Ахмети: Мора да се посвети внимание на секое писмо од секој граѓанин

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека не го видел писмото што му го испрати лидерот на ДУИ Али Ахмети во врска…

October 28, 2024
ПОЛИТИКА

Шукова: Скопје не е експеримент, граѓаните не се тука за некој да проба уште еднаш

Кандидатката за градоначалник на Скопје од СДСМ и Коалицијата, Каја Шукова попладнево изјави дека тие кои пред четири години ја…

September 27, 2025
ПОЛИТИКА

Тачи до ДУИ: Ако продолжите да манипулирате, ќе кажам за сѐ што сте го молеле Мицкоски

Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, синоќа на гостување во ТВ21, рече дека се покаја што влегол во Европскиот фронт. Тој…

September 23, 2025
ПОЛИТИКА

„ЈО и Коцевски да одговорат дали дискотеката Пулс платила 40.000 евра, дали Спасовски ја спасил Пулс од казна“, прашува ВМРО-ДПМН

„ЈО и Коцевски да не молчат и да кажат на јавноста дали дискотеката Пулс платила казна од 40.000 евра или…

October 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?