Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Николовски: Има голема потреба од кадровско екипирање и засилување на Инспекторатите на државните органи
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Николовски: Има голема потреба од кадровско екипирање и засилување на Инспекторатите на државните органи
МАКЕДОНИЈА

Николовски: Има голема потреба од кадровско екипирање и засилување на Инспекторатите на државните органи

Објавено March 23, 2025 10:06
Сподели
Сподели

Има голема потреба од кадровско екипирање и засилување на Инспекторатите на државните органи, затоа што одредени инспекторати имаат само по десетина инспектори за делување на територијата на целата држава, потенцираше во вчерашното гостување во Дневникот на ТВ Сител, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски.

– Тоа во суштина е главниот проблем на јавната администрација, одредени сектори се превработени со лица кои што имаат помалку активности, а одредени сектори имаат недостаток на вработени, а имаат огромни ингеренции. Дали тоа некој го правел намерно, за да може ваков систем да царува во државата или е случајно, денес веќе е неважно, важно е како ние ќе се организираме во иднина и мислам дека инспекторатите мора да зајакнат, да се зголеми бројот на вработени, пред се инспектори, не административци, како би можеле да ја покриваат целата територија. На пример, Државниот пазарен инспекторат има вкупно 40 вработени инспектори за цела Македонија, што значи огромен недостиг на кадар за покривање на сите ингеренции и контрола на сите зададени надлежности, истакна вицепремиерот Николоски.

Тој најави и одговорност за сите кои го изигруваат и не го почитуваат законот а во однос на направените контроли што се спроведуваат во ноќните клубови и кабареа ширум државата. 

– Државниот пазарен инспекторат настапува со асистенција на Министерството за внатрешни работи и го информираат Јавното обвинителство за активностите кои што ги преземаат, така што овие случаи нема да останат само на констатирање на неправилност, туку секако ќе следи и кривична одговорност секаде каде што се изигрувал и не се почитувал законот, истакна Николоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Демонстрации поради одлуката на Нетанјаху да го отпушти шефот за внатрешна безбедност на Израел
Следна Статија Пјастри победи во Кина пред Норис и Расел

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Асмир Јахоски добил времен пасош од судот, бил на прослава во Истанбул

Асмир Јахоски, кој до пред еден месец беше во притвор во затворот во Шутка, вчера се појави на фотографии од…

June 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Жерновски се пофали со „ламбата“, граѓаните реагираа: „Се натпреварувате што сте направиле со наши пари, а знаете ли што се pm10 честички…“

Поранешниот градоначалник на Општина Центар, Андреј Жерновски преку својот фејсбук профил сподели статус во кој се пофали за поставувањето на познатото светло…

August 12, 2025
МАКЕДОНИЈА

Ристоманов: Нè трујат за профит, а никој не истражува

Во неделното интервју за РСЕ, еко-активистот и советник во Општина Ново Село, Костадин Ристоманов, тврди дека се палат депонии во…

July 27, 2025
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска-Давкова со велигденска честитка: Велигден нека ни донесе утеха, мудрост и хуманост

По повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, упати честитка до верниците и поглаварите…

April 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?