Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Николовски: Над 130 милиони евра во мирување по скандалот со ИПАРД, СДСМ предлага решение за деблокада
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Николовски: Над 130 милиони евра во мирување по скандалот со ИПАРД, СДСМ предлага решение за деблокада
ПОЛИТИКА

Николовски: Над 130 милиони евра во мирување по скандалот со ИПАРД, СДСМ предлага решение за деблокада

Објавено November 12, 2025 15:55
Сподели
Сподели

Суспензијата на исплатите за ИПАРД програмата поради корупцискиот скандал во Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделието предизвикаа шок, недоверба и огромна неизвесност кај илјадници македонски земјоделци и компании, изјави денескаиод СДСМ.

Во продолжение прес конференцијата

Бидејќи владата и министерството молчат денеска ќе објавиме колкав е импактот, колку проекти се засегнати, колкава е вредноста на инвестициите.

Бројките огромни и поразителни.

Со суспендирањето на ИПАРД 3, блокиран е целиот буџет од 128 милиони евра, но бидејќи досега на располагање на земјоделците се ставени 65 милиони евра со кофинансирање тоа се вкупно инвестиции во износ од 130 милиони евра кои сега де факто се ставени во мирување.

Досега има склучени 453 договори во вредност од 35 милиони евра, од кои исплатени се само 10 милиони. Во моментов над 180 инвестиции вредни над 25 милиони евра, се директно погодени, а уште 30 милиони евра во нови проекти се стопирани. Овие бројки ги потврди и соопшти и Министерството за финансии вчера.

Значи вкупно, над 130 милиони евра инвестиции во земјоделството се ставени во мирување.

Зад сите овие бројки стојат луѓе, земјоделци, фирми, семејства, кои вложиле сè со надеж дека државата и Европа стојат зад нив. Денес тие се оставени без одговор кога и дали ќе им бидат исплатени средствата, дали воопшто ќе можат да продолжат или не.

Исто така, стотици нови апликанти кои ги подготвија своите проекти за 2025 година сега се во ќорсокак. И најавените нови јавни повици се стопирани.

Ова е силен удар и македонското земјоделството е пред ризик од економски колапс. Програмата која беше симбол на развој и модернизација денес е на колена.

Почитувани,

Потребни се решенија, потребна е итна и координирана акција.

Затоа, упатувам јасен повик до Владата, Министерството за земјоделство, Министерството за финансии и Агенцијата за финансиска поддршка да го прифатат овој план за деблокада на ИПАРД програмата во неколку чекори.

1. Утврдување на фактичката состојба, обемот и слабостите. Како претседател на Комисијата за земјоделство, веќе побарав детални информации за причините и обемот на суспензијата. Целта е јасна: да се утврди вистината, да се откријат институционалните слабости.

2. Потоа, врз база на овие наоди заеднички да се подготви Акциски план кој државата ќе го достави, и ќе го презентира до Европската комисија.

Со ваков еден план државата ќе се обврзе да преземе и да воспостави засилени механизми на контрола, ефективни антикорупциски мерки и поголема транспарентност во спроведувањето на европските програми.

Нашата порака до партнерите во Брисел мора да биде јасна и недвосмислена: ова е изолиран случај, надлежните мора да постапат, секој што е инволвиран ќе биде сакнциониран.

Време е да покажеме одговорност и решителност бидејќи ова не е само прашање на европски фондови ова е прашање на доверба во институциите, прашање за иднината на македонското земјоделство.

Нека овој момент биде пресвртна точка, да изградиме систем кој нема да зависи од поединци, туку од јасни правила, интегритет и отчетност.

Само така ќе можеме да гарантираме дека европските средства ќе продолжат да се користат таму каде што им е местото: за поддршка на македонските земјоделци и развојот на руралните средини.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Муцунски: Политиката да не се меша во работата на Мешовитата историска комисија
Следна Статија Ако Собранието не направи измени на Кривичниот законик, Уставниот суд до крај на годината ќе донесе одлука, истакна Костадиновски

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Мицкоски: Немаме платформа против Албанците, туку платформа против партиските профитери и криминалци

ДУИ ја менува реториката во милитантна со цел да се создадат етнички тензии кога ја губи власта и затоа што…

November 28, 2024
ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ: Жерновски 30 години е во политика без да направи нешто добро за државата

Внук на бугарски кмет, неуспешен политичар, неуспешен дипломат, самопрогласен амбасадор, човек без кичма, став и достоинство, измеќар на Заев и…

March 9, 2026
ПОЛИТИКА

Меџити: НАИ се распушта по избори

Еден од лидерите на ВЛЕН и новоизбран градоначалник на општина Чаир, Изет Меџити, изјави дека коалицијата „Национална алијанса за интеграција“…

October 30, 2025
ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) Лукаревска до Тошковски: Кој ќе понесе одговорност за изгубените животи од семејно насилство?

Пратеничката од СДСМ, Сања Лукаревска на денешната седница за пратенички прашања упати прашање до министерот за внатрешни работи, во кое…

March 26, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?