Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Николоски – Ал Кајари: Зголемување на економската соработка со Катар и воспоставување директна авиолинија Скопје -Доха
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Николоски – Ал Кајари: Зголемување на економската соработка со Катар и воспоставување директна авиолинија Скопје -Доха
МАКЕДОНИЈА

Николоски – Ал Кајари: Зголемување на економската соработка со Катар и воспоставување директна авиолинија Скопје -Доха

Објавено November 10, 2025 16:55
Сподели
Сподели

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска оствари работна средба со Рашид Бин Саед Ал-Кајари вршител на должност амбасадор на Катар.

Двајцата соговорници, како што соопшти Министерство за транспорт, констатирале дека билатералната соработка е на добро ниво, потенцирајќи ја можноста за зајакнување на економските и трговски односи меѓу двете земји.

На средбата вицепремиерот Николоски истакнал дека Владата има амбициозна програма во делот на инфраструктурата, исто така во туризмот и авиосообраќајот.

Во таа насока, Македонија води одлични политики во делот на ависообраќајот и ја потенцира можност за воспоставување на авиолинија меѓу Македонија и Катар (Скопје и Доха) – посочил Николоски.

На средбата се разговарало и за зголемување на соработката во транспортниот сектор, туризмот и инвестициите. Притоа вицепремиерот Николоски истакнал дека Македонија е во фаза на реализација на крупни капитални проекти и повикал на сите заинтересирани компании од Катар да се пријават на меѓународните јавни повици.

Соработката меѓу Македонија и Катар е многу важна за развој на економијата, туризмот и секако за поврзување на граѓаните од двете земји. За нас е посебно значајно да се воспостави директна линија меѓу двете земји, пред се поради одржување на бизнис релациите. Имаме добра соработка со Катар, но сметаме дека постои голема можност оваа соработка да се зголеми преку размена на искуства, нови инвестиции итн – нагласил Николоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ангел Димитров: Комисијата за историски прашања е алиби за односите меѓу нашите земји
Следна Статија Почина д-р Писевски – Клиниката се збогува со гастроентерохепатологот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Расте интересот за сместување во старски домови, потребен дополнителен простор и кадар

Стареењето е природен процес. Во услови кога младите имаат сѐ подинамичен живот и голем број обврски, а сѐ помалку слободно…

January 7, 2026
МАКЕДОНИЈА

Утре дожд и снег на планините, од петок стабилизирање на времето

Утре се очекуваат повремени локални врнежи од дожд, особено во источните делови од државата. На планините и на повисоките места…

December 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

Скопјани спонтано се организираат – нудат сместување за семејствата на повредените

По големата несреќа во дискотеката во Кочани, каде загинаа 59 лица, повеќето повредени се пренесени во скопските болници, а скопјани…

March 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Образованието на мајчин јазик е педагошка потреба, но и длабока цивилизациска вредност

Премиерот Христијан Мицкоски денеска упати честитка по повод Денот на наставата на турски јазик, посочувајќи дека овој ден нè потсетува…

December 21, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?