Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Николоски: Дискусиите во јавноста кој ќе го наследи лидерското место на Мицкоски во ВМРО-ДПМНЕ се спинови и теории на заговор
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Николоски: Дискусиите во јавноста кој ќе го наследи лидерското место на Мицкоски во ВМРО-ДПМНЕ се спинови и теории на заговор
МАКЕДОНИЈА

Николоски: Дискусиите во јавноста кој ќе го наследи лидерското место на Мицкоски во ВМРО-ДПМНЕ се спинови и теории на заговор

Објавено March 3, 2026 09:41
Сподели
Сподели

Се нафатив на работа што остава траги зад себе и тоа се мојата желба и фокус. Во исто време сум свесен, апсолутно свесен, не сум јас од вчера во оваа работа, дека одредени кујни и одредени спин-мајстори сакаат да создадат привид за проблем или за раскол или за што било во ВМРО-ДПМНЕ, рече синоќа вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во врска со одлуката на партискиот лидер Христијан Мицкоски да не прифати промени на Статутот на партијата, што значи дека ВМРО-ДПМНЕ во 2029 година ќе има нов претседател.

Во интервју за „360 степени“, Николоски истакна дека дискусиите во јавноста за тоа кој ќе го наследи лидерското место на Мицкоски во ВМРО-ДПМНЕ се спинови и теории на заговор.

Според него, не треба да се бара скриена порака ниту во одлуката на Мицкоски да нема потпретседатели на партијата во овој негов лидерски мандат.

 

– Кога ВМРО-ДПМНЕ не би била во оваа позиција во којашто е сега, веројатно тие дискусии би дошле два-три месеци пред следниот конгрес, редовен, значи некаде август-септември 2029 година. Но, зашто е извесно дека ВМРО-ДПМНЕ и во 2029 година ќе е најголема политичка партија во Македонија, ќе е најсилна политичка партија и многу веројатно ќе ја води Владата и тогаш, природно е јавноста да пробудува интерес и во менталитет, каков што е нашиот и регионалниот, не е само за Македонија тоа специфика, природно се јавуваат теории на заговор, конспирации,… И затоа добро е што повеќе од тие конспирации и теории на заговор да се пресретнат, со цел партијата да може да е насочена кон она што е основна нејзина функција сега, а тоа е да ја води државата и нормално, она што е функција на сегашното раководство на ВМРО-ДПМНЕ кое што има мандат до 2029 година, а тоа е да донесе три изборни победи. Затоа што раководство во секоја политичка партија се носи за да победува на избори. Ние имаме парламентарни избори 2028 година, локални и претседателски избори 2029 година, така што имаме три изборни циклуси на коишто ова раководство треба да победи, нагласи Николоски.

 

Тој не открива дали има амбиција за лидер на ВМРО-ДПМНЕ. Рече дека е рано и дека има време до 2029 година да се носат одлуки.

 

– Ако треба денеска да дадам одговор, би рекол дека повеќе би сакал да се посветам на ова што сум посветен, а тоа е да оставам трајни дела зад себе, секако со поддршка и на премиерот и на Владата. Се нафатив на една работа којашто остава траги зад себе и тоа е мојата желба и мојот фокус. Во исто време сум свесен, апсолутно свесен, не сум јас од вчера во оваа работа, дека одредени кујни и одредени спин-мајстори сакаат да создадат привид за проблем или за раскол или за било што во ВМРО-ДПМНЕ, што континуирано го прават од некаде 2018 година и никако не им успева од едноставна причина што немаат ни еден процент почва за тие свои приказни и затоа тоа семе не може да изрти, нагласи Николоски.

Неприродни се, дополни, спиновите што се пуштаат.

Сега сме 2026 година. И во 2026 година да се зборува за 2029-30 година, мислам дека е несериозно во услови кога сме најблиски соработници, на дневна основа комуницираме, соработуваме и мислам дека на многумина на политичката сцена им е навистина недраго, не сакам да употребам други изрази, што ние вака функционираме и што ова трае со години и се свесни дека ќе трае со години и што имаме една ваква соработка што носи резултати за државата, подвлече Николоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Mostbet Oyna: Peşəkar Kimi Strategiyaları Araşdırmaq
Следна Статија Resident Evil Requiem Day One Patch And amiibo Release Date Confirmed – Nintendo Life

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Македонија ќе биде максимално подготвена за најавениот протест на ДУИ за УЧК, порача премиерот Мицкоски

Македонија ќе биде максимално подготвена за најавениот протест на ДУИ кој треба да им даде поддршка на војниците на ОВК…

December 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

Приватните превозници во Скопје од понеделник ќе возат само од 5 до 10 часот поради неисплатен долг од ЈСП

Приватните превозници Јофи Бус, Вестор Транс, Радос Компани кои сообраќаат во Скопје денеска побараа од ЈСП да им биде исплатен…

October 3, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски на меѓународен научен собир по повод 80 години од првото заседание на АСНОМ

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска ќе се обрати на отворањето на меѓународниот научен собир „Антифашизмот помеѓу меморијата и заборавот“…

November 13, 2024
МАКЕДОНИЈА

Ѓорѓиевски на средба со италијански експерт за сообраќајни решенија- Џовани Ботини, извршен директор “SYSTEMATICA”

На продуктивниот работен состанок во просториите на Општина Кисела Вода присуствуваше Џовани Ботини, извршен директор на италијанската компанија “SYSTEMATICA”, како…

February 23, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?