Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Николоски: Жителите на Маџир Маало житеат во услови кои не доликуваат на 21 век
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Николоски: Жителите на Маџир Маало житеат во услови кои не доликуваат на 21 век
МАКЕДОНИЈА

Николоски: Жителите на Маџир Маало житеат во услови кои не доликуваат на 21 век

Објавено October 28, 2025 12:01
Сподели
Сподели

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Никоклоски денес беше во посета на Маџир Маало заедно со кандидатот за градоначалник за општина Центар, Мирослав Лабудовиќ од Движење ЗНАМ за Наша Македонија, каде остварија средни со граѓаните на општина Центар.

-Денеска остваривме средби и поразговараме со жителите на Маџир Маало, тоа е срцето на главниот град, срцето на Скопје. За жал луѓето живеат во субстандардни услови и овде можете на дело да видите како изгледа урбанистичкиот хаос и создавање на урбанизам само во интерес на поединци. Затоа што поединци кои што се блиски на актуелното раководство на општина Центар не можат тука да си го најдат финансискиот интерес и не можат тука да најдат бизнис, затоа луѓето тука живеат во една ситуација кој не доликува на 21 век, рече Николоски.

Тој потенцира дека се уништени улици, намаат соодветен водовод и канализација, затоа имаа нерешени имотни прашања и се наоѓаат во субстандардни услови, а тоа е така затоа што општината воопшто не им дава да се развиваат.

-Можете да замислите низ оваа тесна уличка треба да поминуваат сите овие што ќе живеат во овие нови згради кои што се градат тука, а од другата страна позади мене луѓето не можат да си стигнат до куќите. Ова на најдобар начин покажува како се уништива општина Центар и зошто се потребни промени во општина Центар. Јас многу гласно и за општина Центар и Карпош зборувам откако сум избран за министер предложив и на двете општини и на двата актуелни градоначалници да донесеме специјални закони за општина Центар и општина Карпош кои што би дале развој, но би го заштитиле овде урбаното живеење, каде двајцата не се согласија и сега ги гледаме причините зошто, рече вицепремиерот Николоски.

Николоски потенцира дека заедно со идниот градоначалник на општина Центар Лабудовиќ ќе работиме да ги решиме овие проблеми и луѓето на општина Центар и со луѓето од Маџир Маало со коишто разговаравме денеска да добијат пристојни услови за живот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Маск ја лансира Грокипедија
Следна Статија Голем интерес за вакцинација против сезонски грип: Над 70.000 пријавени, 22.000 веќе вакцинирани

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Повторно ќе се отвора средно полициско училиште во Македонија по повеќе од две децении

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски најави дека од септември следната година, се враќа средното полициско училиште. Одговарајќи на новинарско…

August 29, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски до Филипче: Ние ќе сториме сѐ да ја внесеме Македонија во ЕУ, но не како „модерни“ Македонци, се виде дека не е само Бугари во Устав

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања потенцираше дека Владата ќе стори сѐ да ја…

June 26, 2025
МАКЕДОНИЈА

Досега собрани 156.542.967 денари за настраданите од пожарот во Кочани, информираат од Црвен крст

Досега се собрани 156.542.967 денари во рамки на апелот на Црвениот крст на Македонија за поддршка на настраданите од катастрофалниот…

May 23, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Европа има шанса да исправи историска неправда, суштината на официјална Софија е создавање на нова македонска нација

Премиерот Христијан Мицкоски, уште еднаш ја коментираше резолуцијата во Европскиот парламент со која треба да се признае посебниот македонски идентитет…

June 2, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?