Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Николоски: Засекогаш ќе расчистиме со структурите кои се против демократска Македонија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Николоски: Засекогаш ќе расчистиме со структурите кои се против демократска Македонија
МАКЕДОНИЈА

Николоски: Засекогаш ќе расчистиме со структурите кои се против демократска Македонија

Објавено September 10, 2025 10:04
Сподели
Сподели

Ако не се расчисти најновиот случај со прислушкување и со следење на политички противници, што го правела АНБ во изминатите години, Македонија ќе продолжи и во иднина да се соочува со вакви злоупотреби, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, во гостувањето во емисијата „Заспиј ако можеш”, кој сподели загрижувачки информации за инсталации на безбедносните служби во сите сфери на општественото живеење.

„Имаме работа со инсталации кои се во јавниот живот, на универзитетите, во медиумите, во бизнисот, во најмалку една политичка партија и кога ќе го видите целиот овој контекст, се сфаќа колку е голема и тешка битката пред нас“, рече Николоски.

Според потпретседателот на партијата, АНБ наместо да работи на сузбивање на тероризам, што е нивна основна работна задача, тие се занимавале со следење на актуелниот премиер, неговото семејство и функционери од актуелната Влада, а сега кога се фатени на дело, се обидуваат целиот тој криминален процес да го претворат во ријалити шоу и воајеризам.

„Целта им е наместо да се зборува дали премиерот, вицепремиерот биле следени или прислушкувани, дали за нив се правеле лажни белешки до партнерски служби, или не, ние ќе зборуваме дали во тие документи има приватни разговори, кавги и сл. Сакаат од целиот процес да направат естрада. Тогаш јавноста нема да зборува дека е рушена демократијата, туку ќе зборува за приватните животи на функционерите“, истакна Николоски кој ги повика обвинителството и судството да реагираат, да ги разгледаат сите материјали, со цел да докажат дека се надвор од овој процес пред јавноста.

Николоски потсети и дека додека службите во Македонија го ределе со етикети како антизападен, како потпретседател на Парламентарното Собрание на Совет на Европа и како член на Комитетот за мониторинг, бил дел од работна група која што испитувала злоупотреба на службите во неколку европски држави.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Тоше Проески се појавува во филм со Џорџ Клуни и со Никол Кидман (ВИДЕО)
Следна Статија Цените на нафтата пораснаа по нападот на Израел врз територијата на Катар

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Евакуирана и затворена Зоо Скопје, пронајден „птичји грип“ кај гуска

Скопската Зоолошка градина од утринава е затворена, а евакуирани биле и вработените. Неофицијално, Зоо Скопје е затворена поради пронајдена бактерија…

October 19, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Владата и ФЗО ги разгледуваат финансиските можности за да се зголеми капитацијата на матичните лекари

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на започнување на третата фаза од инвестицискиот циклус на германската…

November 27, 2024
МАКЕДОНИЈА

Во следните денови посвежо време со пороен дожд и грмежи

Времето во следните денови ќе биде посвежи и променливо облачно со повремен локален дожд, соопштуваат од УХМР. Утре и во…

May 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

Меџити доцна синоќа се огласи за Трубарево: Пожарот е под контрола, резултатите од мерењата се очекуваат

Министерот за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, доцна синоќа се јави од Трубарево, каде што вчера избувна голем…

September 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?