Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Николоски: Летово ќе биде завршена физибилити-студијата за брзата пруга на Коридорот 10, проектот ќе се заврши до 2031 година
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Николоски: Летово ќе биде завршена физибилити-студијата за брзата пруга на Коридорот 10, проектот ќе се заврши до 2031 година
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Летово ќе биде завршена физибилити-студијата за брзата пруга на Коридорот 10, проектот ќе се заврши до 2031 година

Објавено May 14, 2026 19:40
Сподели
Сподели

Летово ќе биде завршена физибилити-студијата по што ќе следува ревизија. Процесот на планирање мора да заврши перфектно добро. Првичниот рок што го кажав, дека проектот ќе се заврши до 2031 година, останува, ништо не е поместено – изјави денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски за брзата пруга на Коридорот 10.

Како што истакна Николоски одговорајќи на новинарски прашања, во тек се активностите кои се исклучително битни, па дури и најзначајни за целиот проект, но не се доволни видливи и атрактивни за јавноста. Проектот почна во октомври минатата година, а градежни активности се и геотехничките истражувања.

– Имајќи предвид дека јасно ќе биде барањето, и наше и на банката финансиер, дека рокот за завршување е пет години, нема да има отстапки зашто ќе бидат многу високи пеналите за изведувачот доколку го пробие рокот – потенцира министерот.

Тој објасни дека за да се реализира голем инфраструктурен проект, потребни се три фази.

– Првата фаза е да се обезбеди финансирање, втората е да се направи добро планирање и третата е да се изведе на терен. Во делот на финансирањето, работата се заврши минатата година, избрана е индикативна понуда, која, секако, кога ќе заврши процесот на планирање, тоа е втората фаза, треба да се потврди. Тој процес е завршен минатата година. Во делот на планирањето, според мене најбитниот и најзначаен дел, имајќи предвид дека овој проект ќе го работиме со Велика Британија, документацијата и она што беше како планирање претходно работено со Европската Унија, се сметаше дека е недоволно за реализација на толку голем инфраструктурен проект и затоа влеговме целосно во нов процес на планирање, што опфаќа многу фази. Ќе се обидам да ги кажам наједноставно. Првата е избор на трасата. Беа понудени девет траси, се избра една. Јасно е која е трасата, таа горе-долу ја следи постојната линија, но беа понудени уште осум други опции. Втората е оценка на влијание врз животната средина врз основа на трасата што е избрана. Третата е оценка за влијанието врз средината во која живеат луѓе, социјалната средина веројатно е најсоодветен превод. Четвртиот е за заштита на културно-историското наследство имајќи предвид дека на трасата има најмалку два големи локалитети, Стоби и Вардарски Рид. Петтата е прелиминарен дизајн или проектирање, шестата е геотехнички истраги и седмата е проект – рече Николоски.

Според него, паралелно се прават due diligence анализа и физибилити-студија, кои треба сите овие активности да ги вклопат.

– Ова се работи активно од октомври. Знам дека тоа не е визибилно за народот, не е атрактивно, во смисла да видите багер на терен или да видите работници на терен итн., но за мене ова е најзначајниот дел од проектот. Кога сè ова ќе заврши, а во согласност со правилата и процедурите, ќе заврши летово зашто треба четири сезони да поминат, се прави ревизија и кога ќе заврши ревизијата, се потврдува и се дава на изведувачот за да може да работи. Само во такви услови нема да ни се случи Охрид – Кичево, првите геотехнички истражувања да ги направивме на крајот на 2024 година, а проектот беше почнат 2014 година и, меѓу другото, затоа толку доцни – истакна Николоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Уште едно видео со врсничко насилство, жртва е 14-годишно момче
Следна Статија Актерката Сиена Милер третпат стана мајка

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Николоски: Автопатот Скопје-Блаце е целосно промашување, паралелно се градат две делници

„Утрово кога одев со колеги им објаснував за какво промашување на проектот автопатот Скопје-Блаце се работи. Целосно промашување на проект.…

November 18, 2024
ЕКОНОМИЈА

Собранието го донесе Буџетот за 2026 година

По два дена расправа, Собранието денеска го донесе Буџетот за 2026 година. Поддршка дадоа 71 пратеник, 14 беа против, а…

December 10, 2025
ЕКОНОМИЈА

Јенот продолжува со добивките среде закана за интервенција: Преглед на пазарите

Доларот падна во однос на сите негови главни валути по стапката на проверка во петок од Федералната резервна банка на…

January 27, 2026
ЕКОНОМИЈА

Кинескиот трговски вишок од 1,2 трилиони долари тивко продира во глобалните пазари

Рекордниот трговски вишок на Кина се шири низ светот, при што приходите од извозот што порано завршуваа во државните каси…

January 17, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?