Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Николоски: Нашите политики даваат конкретни резултати, по 12 години лет Скопје – Амстердам
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Николоски: Нашите политики даваат конкретни резултати, по 12 години лет Скопје – Амстердам
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Нашите политики даваат конкретни резултати, по 12 години лет Скопје – Амстердам

Објавено March 3, 2025 12:45
Сподели
Сподели

Политиките што ги спроведуваме во авиосообраќајот даваат конкретни резултати. После 12 години успеавме повторно да ја вратиме линијата Скопје-Амстердам, напиша денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во објава на Фејсбук. 

Авиокомпанијата Трансавиа ќе лета двапати во неделата, во четврток и во недела на релација Амстердам-Скопје-Амстердам.

Ова е нова можност граѓаните да ги искористат бенефитите од воведувањето на нови дестинции низ Европа и светот.
За многу кратко време успеавме да овозможиме нови десетина дестинации од двата домашни аеродроми со што даваме силен поттик и развој на воздушниот сообраќај, поконкурентни услови за патување и нови дестинации за граѓаните, наведува Николоски.

По 12 години пауза, Скопје се поврза по воздушен пат со Амстердам, откако холандската нискобуџетна авиокомпанија Трансавија  го реализираше првиот лет синоќа во 21 часот на Меѓународниот аеродром Скопје.

Во четврток, авионите на холандската авиокомпанија ќе пристигнуваат на скопскиот аеродром во 9:35 часот, а ќе полетуваат кон аеродромот Шипхол во 10:25 часот. Во недела, Трансавиа ќе слетува во главниот град на Македонија во 20:45 часот, а ќе полетува кон главниот град на Холандија во 21:35 часот. 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Татко во Србија возел со голема брзина и излетал од патот, загина бебе
Следна Статија Градењето станови поевтинува – становите поскапуваат

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Се бара решение за 550-те вработени во Лукоил Македонија

Се бара решение за иднината на 550-те вработени во подружницата на „Лукоил“ во Македонија, откако матичната руска компанија одлучи да…

November 12, 2025
ЕКОНОМИЈА

Витаминка започнува со имплементација на ESG – стратешки чекор кон одржлива иднина

Витаминка започна со формална имплементација на ESG (Environmental, Social, Governance) принципите преку современата VSME рамка за репортирање, која овозможува систематски…

November 14, 2025
ЕКОНОМИЈА

Расте цената на нафтата: Барелот достигна 84 ДОЛАРИ

Цените на нафтата продолжија да растат и денес, при што цената на брент нафтата надмина 84 долари за барел, под…

March 4, 2026
ЕКОНОМИЈА

Николоски во работна посета во Вашингтон, обраќање во Светска банка и високи средби во Стејт Департментот

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски и членови на неговиот кабинет во наредните три дена ќе…

March 9, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?