Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Николоски на средба со Болат и Уралоглу: Македонија и Турција градат силно партнерство
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Николоски на средба со Болат и Уралоглу: Македонија и Турција градат силно партнерство
ПОЛИТИКА

Николоски на средба со Болат и Уралоглу: Македонија и Турција градат силно партнерство

Објавено June 12, 2026 12:45
Сподели
Сподели

Зголемување на економската соработка и трговската размена меѓу Македонија и Турција, унапредување на билатерланите односи и создавање нови можности за соработка и инвестиции, беа тема на средбата меѓу заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски со министерот за трговија Омер Болат како и Абдулкадир Уралоглу,  министерот за транспорт на Турција.

Средбата се одржа во рамки на македонско-турскиот бизнис форум што се одржува денеска во Истанбул.

На средбата беа потврдени заедничките заложби на двете земји за продлабочување на економските врски, притоа се разговараше за конкретни чекори кои ќе придонесат за зголемување на трговската размена, поттикнување на инвестициите и подобрување на деловната клима за компаниите од двете држави.

– Турција претставува еден од најзначајните економски и трговски партнери на Македонија, долгогодишните пријателски односи меѓу двете земји се темел врз кој успешно се развива и економската соработка. Во духот на ова партнерство, целта е односите да ги подигнеме на уште повисоко ниво, преку нови иницијативи и зголемена економска активност – истакна вицепремиерот Николоски.

Посебен фокус на средбата, информира Министерството за транспорт, беше ставен на развој на инфраструктурата и  регионалното поврзување, а притоа вицепремиерот истакна дека во Македонија се реализира најобемниот инвестициски циклус во изградба и модернизација на целокупната инфраструктура и ги повика сите заинтересирани турски компании да земат учество на меѓународните повици.

–  Голем број успешни турски компании веќе работат на македонскиот пазар и даваат значаен придонес во развојот на економијата, отворањето нови работни места и зголемувањето на конкурентноста. Токму ваквите позитивни искуства претставуваат дополнителен поттик за привлекување нови инвеститори – истакна вицепремиерот Николоски.

Говорниците, се вели во соопштението,  се согласија дека Македонија и Турција ќе продолжат да градат силно партнерство засновано на меѓусебна доверба, пријателство и заедничка визија за економски развој и поголема регионална соработка.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Moже ли да се излечиме со позитивни мисли?
Следна Статија Бразилска мафија навлегува на Балканот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Филипче: Партизација на МРТВ преку партиски директор ќе биде нов удар врз демократијата

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешниот брифинг со новинари, предупреди дека новиот оглас за избор на директор на…

March 27, 2026
ПОЛИТИКА

Манасиевски: Левичарите од Али Експрес како Реџеп Исмаил го покажаа вистинското лице, близу 300 илјади денари повлекол и тој од благајната на Левица

Левичарите од Али Експрес како Реџеп Исмаил го покажаа вистинското лице, близу 300 илјади денари повлекол и тој од благајната…

September 23, 2025
ПОЛИТИКА

Таравари: Алијансата за Албанците треба да биде во опозицијата, за неа таму ќе биде подобро

Лидерот на Алијансата за Албанците Арбен Таравари вчера на отворањето на новиот штаб во Скопје нагласи дека за Алијансата за…

May 11, 2025
ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ: Народот денес е побогат од времето на СДСМ

Реалната просечна плата порасна двојно повеќе споредено со времето кога СДСM беше на власт, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ, на објавата на…

August 26, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?