Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Николоски од Неготино: Субвенциите се исплатени, очекуваме уште повисоки откупни цени
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Николоски од Неготино: Субвенциите се исплатени, очекуваме уште повисоки откупни цени
ЕКОНОМИЈА

Николоски од Неготино: Субвенциите се исплатени, очекуваме уште повисоки откупни цени

Објавено February 14, 2026 12:57
Сподели
Screenshot
Сподели

По повод празникот Св. Трифун, кој традиционално се смета за најзначаен ден за лозарите и винарите од Тиквешкиот Регион, заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски од Неготино упати честитки до земјоделците, посакувајќи им успешна производствена година, добар род и стабилни, повисоки откупни цени.

Николоски истакна дека Владата ја завршила својата обврска кон земјоделците, нагласувајќи дека субвенциите се целосно исплатени за сите производители. Според него, тоа претставува дополнителен поттик за новата сезона и охрабрување за оние што макотрпно работат на домашното производство.

„Се надевам дека ова ќе биде мотив за уште поуспешна година, со квалитетен род и мотивирани земјоделци. Ќе продолжиме да ги поддржуваме и да го стимулираме земјоделието. Цените што може да се видат оваа година се навистина добри, а се надевам дека следната сезона ќе бидат уште повисоки, затоа што трудот мора да се цени и мора да го стимулираме домашното производство“, изјави Николоски.

Тој посочи дека особено охрабрува фактот што македонските компании стануваат сѐ поконкурентни на меѓународниот пазар. Како пример ја наведе својата неодамнешна посета на Париз, каде, според него, македонските винарии се претставиле рамноправно со најдобрите европски производители.

 

„Беше вистинска гордост да се види како нашите винарии стојат рамо до рамо со најдобрите во Европа“, рече Николоски.

 

Воедно најави дека Владата ќе продолжи со поддршка и во делот на инфраструктурата, оценувајќи дека таа е клучна за подобра поврзаност и економски развој. Посочи дека се поддржува амбициозната агенда на локалната самоуправа, со очекување бројни започнати проекти да бидат завршени, а паралелно да започнат и нови со почетокот на градежната сезона.

Посетата на Неготино беше во знак на поддршка за лозарите и винарите од Тиквешијата, со порака дека државата ќе продолжи да стои зад домашното производство и развојот на регионот

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Gold Steadies After Sharp Drop Sparked by Wider Market Jitters – Bloomberg.com
Следна Статија Денеска е Задушница, Св.Трифун и Св.Валентин

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Индустриското производство се зголемило за 1, 9 отсто во однос на лани

Индустриското производство во периодот јануари – ноември 2025 година, во однос на истиот период лани бележи раст од 1,9 отсто,…

December 30, 2025
ЕКОНОМИЈА

Цените почнаа да растат – дел од маркетите со нови ценовници

Почна поскапувањето во дел од маркетите. Купувачите ги дочекаа нови цени на рафтовите. Најголема разлика има кај хигиенските производи. Влажните…

May 6, 2025
ЕКОНОМИЈА

Објавени најдобрите 25 светски компании, меѓу нив нема ниту една од Европа

Извештајот на PwC, една од најголемите светски ревизорски и консултантски фирми, за најголемите светски компании според пазарната капитализација покажува драматична промена…

October 4, 2025
ЕКОНОМИЈА

Германците ќе можат да работат и по пензионирањето за 2.000 евра месечно

Германската влада одобри нацрт-закон со кој се поттикнува работа по пензионирањето, што би им овозможило на оние пто ќе одлучат…

October 18, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?