ВМРО-ДПМНЕ ќе издвојува убедлива победа на престојните локални избори, вклучително и во главниот град, вели министерот за транспорт, Александар Николоски во телевизиско интервју.
СДСМ во моментов се движи помеѓу нула и тројца градоначалници, другото очекувам да бидат градоначалници предложени од ВМРО-ДПМНЕ и коалиционите партнери, така што мислам дека е извесна победата”, истакна Николоски.
Во однос на изборната трка во Скопје, според вицепремиерот, Орце Ѓорѓиевски ќе биде идниот градоначалник, а потоа ќе следува развој на градот.
Јас го познавам Орце Ѓорѓиевски долго, имав чест во 2020 година да биде и шеф на мојата кампања во четвртата изборна единица, покажа и во Кисела Вода дека знае да работи и дека знае да испорачува, ја модернизираше целосно општината и очекувам дека со поддршка од Владата ќе правиме многу убави работи заедно. Според мене мора да почне од базичните работи, да се подобри хигиената на градот, да се исчисти градот, да се среди јавниот сообраќај, да се воведат нови можности за јавен сообраќај на начини кои што заеднички ќе ги договориме. Ние работиме на проектот за градски воз како примарен проект, а можеме и да работиме и на форма на трамвај, добро урбанистички да се планира, затоа што барем на централното градско подрачје за жал хаос му се случува и после веќе да почнеме да размислуваме за покрупни проекти, кои што би оделе рака под рака со развојот на градот” – истакна во интервјуто министерот Николоски.