Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Николоски: Охрид преку Истанбул од денеска го поврзуваме со цела Европа и светот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Николоски: Охрид преку Истанбул од денеска го поврзуваме со цела Европа и светот
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Охрид преку Истанбул од денеска го поврзуваме со цела Европа и светот

Објавено March 27, 2025 15:33
Сподели
Сподели

Со обсмислена стратегија успеваме охридскиот аеродром да го развиваме. Денеска ја воспоставуваме новата и најважна линија Охрид-Истанбул со која Охрид преку Истанбул ќе го поврземе со цела Европа и светот, истака вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на воведувањето на новата авиолинија Охрид-Истанбул.

Во прилог интегралната изјава на вицепремиерот Николоски.

Ова е комплетно нова димензија за охридскиот аеродром и целосно нов развој на охридскиот аеродром затоа што најголемата светска авиокомпанија Туркиш ерлајнс воведува директна линија, четири пати неделно со најголеиот аеродром во Европа, аеродромот во Истанбул, што многу ќе значи за бројот на патници и не само за туризмот туку и редовното патување, затоа што аеродрмот во Истанбул е со најмногу конектинг летови во Европа. Веќе познавам луѓе кои имаат купено карти од Торонто за Охрид или од Вашингтон за Охрид затоа што преку Истанбул со конектинг летови ќе можат да додјат во Охрид што драстично ќе го зголеми бројот на патници и тоа ќе помогне да се развива тузимот, бизнисот, комуникациите, што е комплетна нова диманзија за охридскиот аеродром.

Ова е резултат на обмислена стратегија, стратегија на субвенционирање што ја водиме откако бевме избрани. Го променивме целосно моделот на субвенционирање, за охридскиот аеродром од претходно 4,5 евра зголемивме на 12 евра по патник. И наместо за заминување, плаќаме за доаѓање затоа што целта е да даѓаат луѓето тука, ги променивме и другите услови и тоа го даваат резултатот. Веќе имаме две нови дестинации до Охрид, тоа е Истанбул и Базел, имаме нови осум дестинации од Скопје. Но од сите 10 дестинации за мене најважна е Истанбул бидејќи отвора нова врата за охридскиот аеродром и за целиот регион. Во преговори сме и тие преговори за брзо време треба да завршат со една голема компанија која што очекувам да донесе две до три нови дестинации и на тој начин да расте бројот на дестинации на охридскиот аеродром.

Мене ми е целта во рок од две години да имаме најмалку десет нови дестинации од Охрид, што целосно ќе го трансформирам туризмот во Охрид, бизнисот и комуникациите и тоа што е особено важно, оние чартери кои што почнаа на Флајбирд во следната година наместо еден да се два дневно и да слетуваат во Охрид наместо во Скопје. И пуштањето на автопататот на тие 40 -тина километри од Врбјани до Охрид секако многу ќе значи за охридскиот аеродром, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Откријте ги големите попусти на Bosch апарати во Premium Appliances – само на Орце Николов 202, Скопје – Кај Машински факултет!!
Следна Статија Глобалната недела на парите 2025 година: „Размисли пред да „заследиш“, за безбедност на твоите пари во иднина“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Мукетов најбогат во Македонија, Србија доминира со милијардери

Најновата листа на 100 најбогати луѓе во Западен Балкан, објавена од српскиот неделник „Недељник“, покажува дека економската моќ во регионот…

January 9, 2026
ЕКОНОМИЈА

Поевтинуваат бензините и дизелот

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 од полноќ се намалуваат за половина денар, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V)…

August 11, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски верува дека земјава ќе биде во групата држави кои ќе имаат најповолни услови за извоз во САД

Премиерот Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција во Владата изрази уверување дека земјава ќе биде во групата држави кои ќе имаат…

July 7, 2025
ЕКОНОМИЈА

Советот на Народната банка донесе одлуки за унапредување на заштитата на потрошувачите на финансиски услуги

На својата последна седница, Советот на Народната банка усвои четири значајни одлуки насочени кон зајакнување на системот за заштита на…

August 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?