Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Николоски: Пет нови авиолинии од скопскиот аеродром до Стокхолм, Мадрид, Бари, Келн и Прага
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Николоски: Пет нови авиолинии од скопскиот аеродром до Стокхолм, Мадрид, Бари, Келн и Прага
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Пет нови авиолинии од скопскиот аеродром до Стокхолм, Мадрид, Бари, Келн и Прага

Објавено July 31, 2025 09:57
Сподели
Сподели

Отвораме уште пет нови авиолинии, од ноември од Скопје ќе се лета до Мадрид и Стокхолм, а од декември до Прага, Бари и Келн. Утрово го потпишавме Договорот за петте нови авиолинии кои ќе значат повеќе туристи, повеќе бизнис во Македонија и повеќе можности за сите граѓани од Македонија, се обрати вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

Во продолжение интегралната изјава на вицепремиерот:

“Утрово потпишавме Договор за 5 нови дестинации кои што ќе се оперираат од скопскиот аеродром. Пет нови авиолетови кои ќе значат повеќе туристи во Македонија, повеќе бизнис во Македонија и повеќе можности за сите граѓани на Македонија.

Веќе од месец ноември почнува редовна авионска линија Стокхолм- Скопје.

Исто така, веќе од месец ноември почнува редовна авионска линија Мадрид- Скопје, а од декември почнува редовна авионска линија Бари- Скопје, од декември Келн- Скопје и исто така од декември почнува и редовна авионска линија Прага -Скопје.

Ова се пет нови авиолинии кои за неколку месеци ќе почнат да оперираат од скопскиот аеродром. Со 11 нови линии кои што веќе ги отворивме и овие 5, веќе зборуваме за 16 нови авиолинии кои ги отворивме за само една година.

И тоа бројките го покажуваат, само во првата половина од оваа година од скопскиот и охридскиот аеродром вкупно се превезени 1, 5 милион патници што е зголемување за 5 % од скопскиот аеродром и 11 % на охридскиот аеродром.

Во следниот период ќе има уште добри вести, најавувам дека ќе има уште нови авиолинии.

Нека се со среќа авиолиниите од Стокхолм, Мадрид, Бари, Келн и Прага кои што ќе значат многу повеќе туристи за Македонија, многу повеќе бизниси и повеќе можности за граѓаните на Македонија.

Нека е аирлија! – изјави вицепремиерот Николоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Сарај: За само 30 секунди „однеле“ 52 мобилни
Следна Статија Русите го зазедоа Часов Јар

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Прв лет Скопје-Мадрид

Скопје од денеска се поврзува воздушно со Мадрид, со директната авилинија што ќе ја опслужува нискобуџетната компанија „Виз ер“. Првиот…

October 28, 2025
ЕКОНОМИЈА

Македонското градежништво мора да расте, вели Николоски

Македонското градежништво мора да расте. Првите бројки се многу оптимистички бидејќи првото полугодие споредено со минатата година бележиме раст во…

November 13, 2025
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Македонија прва во регионот целосно ќе се покрие со полначи за електрични возила

Македонија ќе биде првата држава во регионот каде насекаде ќе има достапни полначи за електрични возила, истакна вицепремиерот и министер…

August 2, 2025
ЕКОНОМИЈА

Бензинот БС-95 со нова цена од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе Одлука со која се врши…

December 30, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?