Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Николоски: Правилата за патување во ЕУ за земјава одложени за следната година
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Николоски: Правилата за патување во ЕУ за земјава одложени за следната година
МАКЕДОНИЈА

Николоски: Правилата за патување во ЕУ за земјава одложени за следната година

Објавено August 22, 2025 13:31
Сподели
Сподели

Правилата за патување во Европската Унија се одложени за Македонија и треба да стартуваат следната година, доколку повторно нема некои одлагања, а во меѓувреме сме во постојан контакт со ЕУ за координација на целокупниот процес, изјави денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, пред работна средба во Стопанска комора на покана на претседателот на СКСМ Бранко Азески.

На средбата, како што беше најавено ќе се разговара за повеќе теми, а посебен акцент ќе биде ставен на проблемот со новите протоколи на Европската Унија, EES (систем за влез/излез) и ETIAS (европски систем за информации и авторизација за патување), како два одделни системи што постепено ги воведува ЕУ за управување и контрола на влезот во Шенген зоната, едниот од 2025-та, а другиот од 2026 година, а кои за компаниите, како што велат од Комората, ќе преставуваат дополнително оптоварување.

Во однос на правилата за влез во ЕУ тие се одложени за Македонија, ќе стартуваат, ако стартуваат следната година доколку повторно нема одлагања. Во меѓувреме сме во активен дијалог со претставници на ЕУ и по некоја случајност по оваа средба ќе имам средба со евроамбасадорот Михалис Рокас, која не е поврзана со оваа, но сепак имаме активна комуникација и секако ќе направиме се што можеме за македонските граѓани полесно да влегуваат во ЕУ. Во суштина она што сме информирани е дека постојниот систем на ЕУ се дигитализира, светот, технологијата одат напред и во таа насока треба да се почитува она што го воведува ЕУ од една страна, но од друга страна да не се комлицира процедурата за влез на македонски граѓани. Секако Министерството за надворешни работи и Министерството за европски прашања имаат комуникација и заеднички како Влада ќе се координираме кога ќе се воведе, рече Николоски.

Бизнисот, како што посочија од Комората, укажува дека со ваквите протоколи, транспортните оператори се во неповолна положба во споредба со операторите од ЕУ во однос на утврдените ограничувањата, поради Шенгенските правила што го ограничуваат периодот на професионалниот возач кој може да извршува билатерални транспортни услуги (ограничување од 90 дена во текот на кои било 180 дена).

Николоски во ова не гледап проблем бидејќи како што посочи законот е ист и роковите од 90 до 180 дена не се сменети.

Според последните информации, системот за влез/излез (EES) ќе почне на 12 октомври 2025 година. Постепено, во период од шест месеци ќе го имплементираат 29 европски земји (25-те членки на ЕУ дел од Шенген зоната, плус Исланд, Лихтенштајн, Норвешка и Швајцарија), а со целосната имплементација да започне од 10 април 2026 година, од кога електронски ќе се пресметуваат деновите на престој. Во овој момент преку вториот систем, ETIAS, не е потребна никаква акција од страна на патниците, а Европската Унија ќе информира дополнително за конкретниот датум за почеток на ETIAS неколку месеци пред неговото лансирање.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Скопје, ѓубре ти ќе бидеш! (ФОТО)
Следна Статија Мицкоски: Се санираат дефектите на цевководот од хидросистемот Ѓавато

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Дожд и нестабилно време во деновите кои следуваат

За утре е најавено променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Попладне, наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд,…

March 29, 2025
МАКЕДОНИЈА

Внимавајте: Поради магла е намалена видливоста на овие патишта

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Намалена видливост поради магла до 100 метри…

January 22, 2025
МАКЕДОНИЈА

Скопје годинава одбележува сто години од Зоолошката градина

Денеска започна одбележувањето на стогодишнината од основањето на Зоолошката градина во Скопје, која е најстара на Балканот. Денес во неа…

April 19, 2026
МАКЕДОНИЈА

Средба на Мицкоски со Гренел: Стратешките односи со САД се темелот на нашата стабилност и економски развој

Стратешките односи со САД се темелот на нашата стабилност и економски развој, порача премиерот Христијан Мицкоски по денешната средба во…

February 14, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?