Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Николоски: Проблемот со транспортерите е сериозен, ризикот за македонската економија е огромен
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Николоски: Проблемот со транспортерите е сериозен, ризикот за македонската економија е огромен
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Проблемот со транспортерите е сериозен, ризикот за македонската економија е огромен

Објавено January 23, 2026 12:52
Сподели
Сподели

Година дена алармираме за проблемот со транспортерите и електронската евиденција во ЕУ и требаше да се донесе до ескалација да предизвика внимание. Се работи за огромен економски проблем кој што може целосно да ја колабира македонската и регионалната економија. Иако имав жестоки размена на аргументи со надлежните во рамки на ЕУ директно во Брисел, за жал не најдов на разбирање, вели во интервју за Радио Лидер, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, во однос на новите правила за влез во земјите од шенген зоната за професионалните возачи.

Тој истакна дека проблемот е многу сериозен од причина што ова ќе влијае врз работата на транспортниот сектор во целиот регион, дополнително на извозно ориентираните компании. Засега решение нема, а Владата целесно ги разбира транспортерите и најавените блокади на граничните прмини кон шенген земјите.

„Од понеделник ќе има протест кој предвидено е да трае седум дена на граничните премини кои одат кон шенген зоната, на превозниците на Македонија, Косово, Србија, Црна Гора и Б и Х. Се работи за огромен економски проблем кој што може целосно да ја колабира македонската и регионалната економија, бидејќи нашите економии се мали и главно се ориентирани кон извоз. Целокупното производство на компаниите кои прозиведуваат во ТИРЗ кои што работат најголем дел од луѓето во Македонија и кои што носат најголем девизен прилив -сто процентен извоз, голем дел од домашните компании кои се извозно ориентирани и ако не можат да извезат тоагаш запира и економската активност, а од друга страна ако превозот поскапе за 3 до 5 % тогаш стануваат неконкурентни на европскиот пазар”- рече вицепремиерот Николоски.

Иако во континуитет има разговори со претставници до ЕУ, засега тие остануваат на ставот за употреба на новите правила за влез и за транспортерите.

„Јас во декември имав жестоки размена на аргументи со надлежните во рамки на ЕУ, директно во Брисел, за жал не најдов на разбирање и овие радикални мерки се единствен начин да се привлече внимение. Јас и владата имаме целосно разбирање за македонските транспортери, го разбираме нивниот револт, ги подржуваме нивните барања и навистина треба да се реши овој проблем преку одложување на електорнскиот систем за професионалните возачи или да се изнајде начин како да добиваат работни визи треба да го реши ЕУ. Мислам дека не им е јасно на ЕУ што значи ова за земјите од Западен Балкан, се работи за класична бирократија, за целосна игнорантност и непосветување на внимение на проблемот”- истакна Николоски.

Тој како пример истакна дека веројатноста е голема за зголемување на цената на превозот за 5 % со што домашните производи ќе станат неконкуретни на европскиот пазар.

„Сите стопански комори од регионот веќе цела година реагираат. Не е едоставно решението. На пример компанија од Македoнија која што извезува во Германија ако ангажира германска компанија, тогаш превозот е од 3 до 5 % поскап. Доколку превозот е до 5 % поскап, тогаш прозиводите во Македонија и регионот ќе станат неконкуретни и тогаш можно е да се компаниите да си заминат од Македонија. Една компанија со која разговарав, а нема да ја именувам, најавува загуби од 1,5 милиони евра неделно. Сега со овие услови, транспортниот бизнис ќе остане целосно неисплатлив од причина што ќе се намали времето за 50% што возачите ќе можат да го минуваат во рамки на ЕУ”- додаде вицепремиерот Николоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Интел добива унапредување на акциите пред извештајот за заработувачка поради јачината на серверските CPUs
Следна Статија Federal officials launch ICE operation in Maine and begin arrests – The Washington Post

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Николоски за стратешко партнерство со Обединетото Кралство: Инвестиции во транспортот, здравството, образованието, одбраната, нови работни места и силна економија

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски на совојата Фејсбук страница објави дека стратешкото партнерство со Обединетото Кралство значи инвестиции…

May 17, 2025
ЕКОНОМИЈА

Македонија се задолжи милијарда евра преку нова еврообврзница

Министерството за финасии на Република Македонија ја реализираше аукцијата за издавање на 10-тата Еврообврзница од 1 милијарда евра. Министерството одлучи…

January 14, 2026
ЕКОНОМИЈА

Ценовен шок во маркетите – поскапеа млекото, месото, сирењето, јајцата, синдикалната кошничка повисока за 1.000 денари за неколку дена

Цените во маркетите рушат рекорди. Телевизија 21 беше во обиколка на неколку поголеми ланци на маркети. Регистриравме повисоки цени минимум…

May 10, 2025
ЕКОНОМИЈА

МФ: Издадена нова 23-та емисија на обврзници за денационализација во износ од 1,5 милиони евра

Министерството за финансии ја издаде 23-тата емисија на Обврзници за денационализација во вредност од 1,5 милион евра, со која се…

December 29, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?