Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Николоски – Соријано Ортиз: Авиолиниите до Мадрид и до Барселона се одлична можност за подобрување на соработката меѓу двете држави
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Николоски – Соријано Ортиз: Авиолиниите до Мадрид и до Барселона се одлична можност за подобрување на соработката меѓу двете држави
ЕКОНОМИЈА

Николоски – Соријано Ортиз: Авиолиниите до Мадрид и до Барселона се одлична можност за подобрување на соработката меѓу двете држави

Објавено August 5, 2025 14:03
Сподели
Сподели

Билатералните односи меѓу Македонија и Шпанија дополнително ги зајакнуваме преку отворање на авиолинијата Скопје -Мадрид и претходно воспоставената линија Скопје -Барселона, истакнаа на денешната средба вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и амбасадорот на Кралството Шпанија, Рафаел Сориано Ортиз.

Двете авиолинии, информираше вицепремиерот, се дел од владината програма за развој на ависообраќајот преку кои се отвораат нови перспективи меѓу двете земји и за двата народи.

На средбата, исто така беа разменети и мислења и ставови за актуелните политички и економски прашања во земјава и регионот, притоа вицепремиерот Николоски истакна дека Македонија е влезена во инвестициски циклус во развој на патната и железничка мрежа со посебен акцент на коридорите кои треба да го придвижат регионалниот економски развој.

На средбата беа потенцирани и можностите за инвестирање во земјава, преку реализација на инвестиции во сектори од заеднички интерес.

На крајот од средбата двајцата соговорници се согласија дека соработката меѓу двете земји е на добро ниво и дека истата дополнително може да се зацврстува особено во делот на економијата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ФИБА отвори истрага против кошаркарската федерација за навивањето во Куманово
Следна Статија Маж пронајден мртов во куќа во Кавадарци, сомнежи за убиство

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Царината доби систем за анализа на ризик и податочен склад од Корејската царинска служба

Царинската управа доби систем за анализа на ризик и податочен склад со кој се очекува да се подобри контролата на…

December 16, 2025
ЕКОНОМИЈА

САД ќе ја продолжат предноста во продуктивноста врз основа на АИ бумот, велат економисти

Анкетата на FT покажува дека доминацијата на Америка во области како технологијата не се очекува да се промени наскоро

January 5, 2026
ЕКОНОМИЈА

Средба на гувернерката Ангеловска-Бежоска со Марникс ван Рај, висок претставник на ММФ: Политиките на централната банка имаат голем придонес за макроекономската стабилност

Гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска оствари средба со Марникс ван Рај, заменик извршниот директор во Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), кој е во…

February 25, 2025
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Скопскиот аеродром со три милиони патници, станува центар во регионот

Три милиони патници на Скопскиот аеродром е историја, нешто што се случува првпат во Македонија, изјави денеска вицепремиерот и министер…

December 12, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?