Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Николоски: Со законски измени стимулираме изградба на дата центри во Македонија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Николоски: Со законски измени стимулираме изградба на дата центри во Македонија
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Со законски измени стимулираме изградба на дата центри во Македонија

Објавено May 23, 2026 17:44
Сподели
Сподели

Во завршна фаза се измените на Законот за урбанистичко планирање и Законот за градење со кои што овозможуваме изградба на Дата центри во Македонија што ќе значи нови инвестиции, нови работни места и раст на БДП, изјави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

-Би сакал да ја информирам јавноста околу новите законски измени што ги подготвува Министерството за транспорт со кои ги следиме најновите светски трендови во развој на Дата центри. Со развој на вештачката интелегенција и целосната револуција што му се случува на светот во насока на вештачка интелегенција, Дата центрите стануваат нивна неопходност и поддршка. Македонија тука треба да води паметна политика и да привлече инвеститори кои ќе инвестираат во големи Дата центри. За да го овозможиме тоа потребни се законски измени за урбанизирање вакви центри и начин на нивна градба. Планираме да се направи тоа централизирано и во рамки на Владата да се води целиот процес со цел кога ќе доаѓаат потенцијалните инвеститори да имаат веќе спремни локации и проекти на кои ќе можат да инвестираат, истакна вицепремиерот и министер за транспорт.

Николоски посочи дека тоа ќе значи стотици милиони евра за Македонија нови вработувања и раст на БДП.

-За таа цел правиме измени во Законот за урбанистичко планирање и Законот за градење кои се во финална фаза со кои што овозможуваме Дата центри да се градат во Македонија на организиранначин и тоа да значи нови инвестиции, нови работни места и раст на БДП и да ги следиме светските трендови во развојот на вештачката интелегенција, изјави вицепремиерот Николоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Земјотрес со магнитуда 3,5 почувствуван во Скопје
Следна Статија 15-годишник се обидел да силува друго дете во Дом за деца во Центар

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Шпанија со најголеми приходи од туризмот

Европа пречекала 125 милиони странски туристи во првите три месеци од 2025 година, според Светскиот туристички барометар на Обединетите нации.…

August 17, 2025
ЕКОНОМИЈА

Николоски – Купка: Создаваме услови за зголемување на економската и трговска соработка

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска во рамки на работната посета на Чешката Република остварил средбa со Мартин…

March 11, 2025
ЕКОНОМИЈА

Повеќе зборуваме на постпејд, над 1,7 милиони сурфаат преку мобилен

Мобилната телефонија во Македонија продолжува да биде главно средство за комуникација, со вкупно 2.105.467 активни претплатници заклучно со третиот квартал од 2025…

January 8, 2026
ЕКОНОМИЈА

Изборот на нов гувернер на Народната банка на 20 мај на пленарна седница

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека до крајот на неделата ќе има јасна позиција кој ќе добиое поддршка за нов гувернер…

May 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?