Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Николоски: Со новите пет локомотиви и постојните четири, целосно ќе се покрие карго-превозот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Николоски: Со новите пет локомотиви и постојните четири, целосно ќе се покрие карго-превозот
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Со новите пет локомотиви и постојните четири, целосно ќе се покрие карго-превозот

Објавено December 30, 2025 17:20
Сподели
Сподели

Со новата флота од пет локомотиви и постојните четири понови, ќе располагаме со девет модерни локомотиви кои ќе можат целосно да го покријат карго-превозот, рече денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски пред потпишувањето на Договорот за заем со ЕБОР вреден 20,9 милиони евра наменет за модернизација на ЖРСМ Транспорт.

Според него, ова е особено важно за Коридорот 10 кој треба да бележи раст во наредните години, како и за Коридорот 8 што моментно Македонија интензивно го развива преку значајни инвестиции во железничката инфраструктура.

-Истовремено, оваа инвестиција е дел и од пошироката визија за Скопје – подобрување на квалитетот на воздухот преку воведување на градскиот воз. Во моментов се работи на една од трите линии во делот на инфраструктурата, а во следните две години ќе се работи и на преостанатите две. Кога целиот проект ќе биде завршен, по тие линии ќе сообраќаат исклучиво електрични возови, со јасна цел – целосно да се елиминира употребата на дизел локомотиви и дизел возови во главниот град и да се придонесе за подобар квалитет на воздухот. На крај, би сакала да се заблагодарам уште еднаш. Сега влегуваме во потешкиот, но клучен дел – успешно спроведување на набавката. Се надевам дека до март, во соработка со ЕБРД, ќе успееме да го објавиме повикот и потоа успешно да ја реализираме испораката на новите локомотиви, нагласи Николоски.

Денешното потпишување на Договорот, оцени, е можност за заокружување на еден исклучително важен процес што ќе значи набавка на најмалку пет нови електрични локомотиви, заедно со пропратни резервни делови.

-Ова е навистина голем чекор напред за Железници за транспорт – и во делот на карго-превозот и во патничкиот сообраќај. Сите се сеќаваме дека минатата година, во моментот на формирање на Владата, состојбата беше исклучително тешка. Имавме нула оперативни локомотиви – практично железничкиот транспорт беше парализиран, а бројни композиции стоеја на македонските пруги бидејќи немаше со што да се оперира. Со интензивна работа и со поддршка од претседателот на Владата, успеавме во текот на минатата година да ставиме во функција пет локомотиви, а денес веќе имаме над 11 функционални локомотиви. Со тоа целосно се менува сликата за железничкиот транспорт во државата. Во таа насока, набавката на овие пет нови електрични локомотиви ќе има суштинско значење за зголемување на карго-транспортот. Од постојните 11 локомотиви, четири се понови, а седум се постари. Со новата флота од пет локомотиви и постојните четири понови, ќе располагаме со девет модерни локомотиви кои ќе можат целосно да го покријат карго-превозот, а дел од нив да се користат и во патничкиот сообраќај, истакна вицепремиерот.

На потпишувањето на Договорот со ЕБОР во Владата се обратија и премиерот Христијан Мицкоски, како и министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Владата го усвои Предлог законот за јавно обвинителство
Следна Статија СДСМ: Ги поставија своите судии и почнаа со репресијата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

„Новогодишна кошница“ – 900 производи од денеска со пониски цени, инспекторите на терен

Стартува акцијата „Новогодишна кошница“ со која до 15 јануари над 900 производи опфатени со акциската листа треба да се продаваат…

December 15, 2024
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Очекуваме уште поголем бран инвестиции откако ќе го завршиме делот на преговори со САД за трговијата меѓу двете земји

Премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на пратеничко прашање дали може да се очекуваат засилени домашни и странски инвестиции, откри дека очекува…

July 31, 2025
ЕКОНОМИЈА

Становите во првиот квартал поскапеле за 19,4 проценти на годишно ниво

Цените на становите во првиот квартал годинава се зголемиле за 7,2 проценти на квартално ниво, а за 19,4 проценти на…

April 9, 2025
ЕКОНОМИЈА

Намален прометот во индустријата во јануари

Прометот во индустријата, вкупно, е намален за 9,4 проценти во јануари годинава на годишно ниво, а на месечно за 13,9…

March 18, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?