Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Николоски – Табаро: Одличната соработка ќе ја надградуваме во делот на железницата, автопатиштата и ависобоораќајот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Николоски – Табаро: Одличната соработка ќе ја надградуваме во делот на железницата, автопатиштата и ависобоораќајот
ЕКОНОМИЈА

Николоски – Табаро: Одличната соработка ќе ја надградуваме во делот на железницата, автопатиштата и ависобоораќајот

Објавено June 25, 2025 18:30
Сподели
Сподели

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во рамки на работната посета на Франција, утрово остварил средба со министерот за транспорт на Франција, Филип Табаро, на која се разговарало за унапредување на меѓусебната соработка во делот на железницата, ависообраќајот и автопатиштата.

Денеска имавме одлична средба со министерот за транспорт и инфраструктура на Француската Република, голема е честа за мене и за македонската влада да бидеме примени на виско ниво. Ние имаме одлична соработка која сега ќе ја надградуваме. Зборувавме за соработка која е доста развиена во делот на авиосообраќајот, двата аеродроми во Скопје и Охрид се оперираат од француска компанија. Исто така разговаравме и за зголемување на соработката и во делот на Железницата и автопатиштата.

Во делот на Железницата ги презентирав нашите планови за развој на двата коридори 10 и 8. Македонија има уникатна позиција каде двата коридори се пресекуваат источно од Скопје и двата треба да ги развиваме. Во однос на коридор 8 кој е од стратешко значење за НАТО, зборувавме што можеме да направиме за да се доврши источниот дел од пругата но исто така да се развие и западниот дел од пругата, секако да се поврземе и со Италија, Албанија и Бугарија и да ги поврземе Јонското и Јадранското море со Црното море.

Во однос на коридор 10, тоа е најзначајниот трговски коридор на Балканот и зборувавме за тоа што можеме да направиме да изградиме брза пруга и на тој начин јужните пристаништа од Европа да ги споиме со Средна и Централна Европа. Има големи искуства што ќе ги искористиме од Франција, Франција е лидер особено во железничкиот сообраќај и ќе работиме многу заедно.

Вчера имавме средба со 11 најголеми француски компании кои се добродојдени да инвестираат во Македонија”- изјави вицепремиерот и мнистер за транспорт Александар Николоски.

Филип Табаро, министер за транспорт на Франција посочи дека има добра соработка меѓу двете земји во областа на транспортот.

Задоволен сум од средбата што ја имав утрово со господинот министер. Станува збор за важен состанок за односите меѓу двете земји од областа на транспортот. Веќе постои соработка од областа на воздушниот сообраќај со компанијата која управува со аеродромите во вашата земја и соработката е одлична. Соработката е добра и од областа на цивилното воздухопловство и истата постојано се унапредува.

Целта на денешната средба е да се соработува и на други проекти пред се од областа на железничкиот сообраќај, затоа што постојат француски компании кои се развиени и напреднати. Посакуваме соработката со вашата земја, која освен што би била економска, би била пред се и пријателска во насока на воспоставување заеднички проекти и споделување на нашето искуство за проекти кои биле иницирани пред неколку години, па возобновени, за да ги спроведете амбициозните проекти во вашата земја, која е незаобиколна на Балканот.

Преку вас и преку пријателската средба која ја имавме, ја обновуваме желбата за цврсти врски и стоиме на располагање на вашата земја за заедничка соработка, унапредена, брза и што поамбициозна- изјави по средбата Филип Табаро, министер за транспорт на Франција.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски објави видео: Ги поставивме темелите, доаѓа времето на Македонија!
Следна Статија Адвокатот на Кешишев: Да не беше тој немаше да бидат пронајдени телата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

В година пензиите ќе растат два пати – 2.500 денари во март и ново усогласување во септември

Пензионерите во март ќе добијат покачување на пензиите за дополнителни 2.500 денари колку што беше и зголемувањето што почна со…

October 17, 2024
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Од минусно салдо на раст на БДП и последни во Европа до денешен раст од 3.2%

Денес имаме одговорност да водиме, мораме да ја создадеме таа шанса, држава — отворена, фер, со ред и систем. Еве…

June 8, 2025
ЕКОНОМИЈА

МЕПСО го раскина договорот со изведувачот на проектот за 400 kV интерконекција помеѓу Македонија и Албанија

АД МЕПСО информира дека е раскинат договорот со „Енергоинвест“ ДОО Сараево, Босна и Херцеговина, изведувач на изградбата на 400 kV…

December 23, 2024
ЕКОНОМИЈА

Директорот на Царина се пофали: Годинава наплатени 13,6 милиони евра повеќе од лани

Наплатата на приходи остварени од Царинската управа во првото тримесечје годинава се поголеми за 13,6 милиони евра во однос на…

April 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?