Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Николоски учествува на „Самитот ЕУ-Западен Балкан 2025“ во Брисел
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Николоски учествува на „Самитот ЕУ-Западен Балкан 2025“ во Брисел
МАКЕДОНИЈА

Николоски учествува на „Самитот ЕУ-Западен Балкан 2025“ во Брисел

Објавено December 4, 2025 09:56
Сподели
Сподели

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски престојува во работна посета на Брисел, при што денеска ќе учествува на „Самитот ЕУ-Западен Балкан 2025“ што го организира бриселскиот тинк-тенк Пријатели на Европа, а утре и на Министерскиот совет на Транспортната заедница.

Николоски синоќа присуствуваше на настан организиран од Пријатели на Европа за учесниците на „Самитот ЕУ-Западен Балкан 2025“.

– Во Брисел во организација на влијателната тинк тенк организација Пријатели на Европа дел од годинешниот настан кој е посветен на проширувањето на ЕУ. Плодни средби и одлични разговори во интерес на Македонија, објави вицепремиерот Николоски на својот профил на Фејсбук.

На форумот, Николоски ќе има обраќање на првиот панел насловен „Прашања за проширување: Новата геополитичка, безбедносна и економска граница на Европа“, заедно со претседателката на српското Собрание, Ана Брнабиќ, албанскиот премиер Еди Рама, молдавската вицепремиерка Кристина Герасимов и поранешниот еврокомесар за проширување Стефан Филе.

Во најавата за панелот се наведува дека Западниот Балкан долго време беше сметани за периферен проблем, но глобалната фрагментација и конкуренција го поставија во центарот на разговорите за иднината на европската безбедност.

– Среде војната меѓу Русија и Украина, менувањето на американските приоритети и зголеменото регионално влијание од Кина и други земји, проширувањето на ЕУ доби нова итност и сложеност. Свртувањето на ЕУ кон „геополитичко проширување“, означува потенцијално поместување од технократско кон стратешко размислување. Стабилен, демократски и интегриран регион на Западен Балкан е од суштинско значење за безбедноста на ЕУ и нејзината отпорност кон надворешно влијание, се вели во најавата.

Сепак, според организаторите, и покрај новата реалност клучни остануваат прашањата дали ЕУ може да ѝ даде предност на стабилноста, пред строгата условеност на пристапниот процес и дали Западниот Балкан може да ги надмине внатрешните предизвици за да го искористи сегашниот момент.

Во тој контекст, нејасно е како ЕУ ја прилагодува својата политика за проширување во светлината на интензивираната геополитичка конкуренција и што значи тоа за местото на Западен Балкан во пошироката стратешка визија на Европа.

Дополнително, тоа го покренува прашањето до кој степен надворешните актери, како Русија и Кина, влијаат на преобликување на политичката и економската динамика на регионот и какво влијание има тоа врз посветеноста на ЕУ кон пристапниот процес.

Оттаму, остануваат отворени дилемите дали актуелните геополитички ризици и стратешката можност ќе послужат како катализатор за долгоочекуваниот напредок во проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан или пак само ќе ја зајакнат инерцијата и ќе го зацврстат статусот кво, како и дали потреба за геополитичка стабилност ќе го забрза пристапниот процес или постојаните проблеми поврзани со владеењето на правото, демократското назадување и регионалните спорови ќе продолжат да го одложуваат напредокот.

Покрај овој панел на собирот се предвидени и панелите „Отклучување на инвестициите: Поттикнување на растот, зголемување на отпорноста“ и „Реформа на правосудството: Спроведување на значајни промени“.

Во најавата на форумот се посочува дека 2025-та претставува критична година за проширувањето на ЕУ, која во услови на геополитички превирања, како доаѓањето на новата Американска администрација, парламентарните избори и во Косово и во Албанија и тековните студентски протести во Србија, се соочува со предизвикот да ги преиспита своите граници, безбедност и стратегија за добрососедство.

– Што значи брзо менувачката геополитичка ситуација за пристапувањето на Балканот? Како може да се поттикне економијата на регионот со создавање поволни услови за инвестиции? Дали транспарентноста, отчетноста и реформите на правосудниот систем ќе се справат со предизвикот?, се додава во најавата.

„Самитите ЕУ-Западен Балкан“ на „Пријатели на Европа“ се годишни собири на кои владини претставници, експерти, бизнисмени и граѓански активисти дебатираат за прашања поврзани со актуелни настани во Европа и регионот.

Утре, пак, Николоски ќе учествува на Министерскиот совет на Транспортната заедница, на кој ќе се разговара за напредокот на земјите од Западниот Балкан во делот на транспортната политика и реализација на инфраструктурни проекти.

Според најавата, Николоски на Министерскиот совет ќе говори за транспортните политики на земјава, напредокот и реализација на проектите на европските транспортни Коридор 8, 10 и 10-д, како и за мерките и активностите за олеснување на трговијата и транспортот во земјите од Западниот Балкан.

На состанокот, со кој ќе претседава еврокомесарот за одржлив транспорт и транспорт Апостолис Ѕиѕикостас, покрај Николоски ќе учествуваат министри за транспорт и владини претставници од Албанија, Бугарија, Ирска, Кипар, Косово, Романија, Словенија, Србија, Црна Гора и од други европски земји.

Покрај ова, за време на престојот во Брисел предвидено е Николоски да има и повеќе средби со претставници на Европската Комисија.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Активноста на услужниот сектор во Кина повторно забавена, што укажува на слаба економија
Следна Статија Ербас ќе врши инспекции на некои авиони поради ‘проблем со квалитетот’

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Европратеници поднесоа 313 амандмани на текстот за извештајот за Македонија

На Предлог-извештајот на известувачот на Комитетот на надворешни работи (АФЕТ) на Европскиот парламент за Македонија, Томас Вајц, европратениците доставија вкупно…

April 21, 2025
МАКЕДОНИЈА

Реакција на кабинетот на Сиљановска на ДУИ: Вчера е испратена честитка до Вјоса Османи

Кабинетот на претседателката на Македонија Гордана Сиљановска-Давкова категорично ги демантира наводите од вчерашното соопштение на политичката партија Демократската унија за…

February 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

Да се реши хаосот со ЈСП: Владата обезбеди нафта од државните резерви

Владата се вклучи во решавањето на проблемот со недостигот на нафта за автобусите на ЈСП Скопје. На денешната вонредна седница…

November 21, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Очекувам убедлива победа, излеговме со конкретни проекти, а СДСМ со црна кампања и лаги

Не е тајна дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата која што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ на сите анкети има убедлива предност, во однос…

October 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?